Балкан Случувања

Познат адвокат ја фатил сопругата со 26-годишно момче и го претепал

Познат адвокат го претепал љубовникот на својата сопруга откако околу полноќ ги фатил заедно во автомобил во близина на местото Кусановец во Хрватска.

Како што јавуваат локалните медиуми, мажот ја затекнал својата 35-годишна сопруга со 9 години помладо момче во автомобил, по што се вратил до дома и зел метална шипка.

Почнал расправа со сопругата и почнал да удира во автомобилот марка „фиат пунто“, по што 26-годишното момче излегло од него. Во тој момент љубоморниот маж почнал да го удира со металната шипка во главата при што му нанел тешки телесни повреди. Жената веднаш повикала полиција и Брза помош.

Мажот бил уапсен и ќе одговара за обид за убиство, а момчето е префрлено во болница.

Leave a Comment