Следете не

Магазин

Жените се како сезоните, мажите како ветровите..

Објавено пред

на

Некој беше рекол дека жените се како сезоните, а мажите како ветровите.

Што и дефиниција да сте слушнале за себе, сепак, едно е сигурно – вие сте вистинска ледена кралица или пак нежна принцеза, а можеби и вечен оган. Зависи во која сезона сте родени.

Зима

Жените родени во зима се одликуваат со исклучителен талент и звидна силна волја. Тие длабоко размислуваат но на моменти знаат да бидат и контрадикторни. Имаат неверојатно силен карактер, затоа често се многу поуспешни во животот од останатите. Зимските девојки сепак не ретко се несреќни во љубовта. Тешко наоѓаат партенер кој ќе се бори со нивната сила и кој ќе успее да ги задоволи нивните преголеми очекувања. Нивната водечка мисла е : “Вистинската жена треба да одгледа ќерка, да отсече дрво и да го уништи домот”. О, да, тие може и да не се најдобрите домаќинки, но се неодоливи љубовници и прекрасни мајки.

Пролет

Пролетните жени се многу нежни, но и многу себични по природа. Тие ги мразат промените, затоа тешко основаат семејство. Внимателно го разгледуваат секој следен чекор. Не ризикуваат и претпочитаат да играат на сигурно. Нејасно е како сепак овие девојки секогаш успеваат да бидат лидери. Според некои тоа се должи на неодоливиот шарм и одличниот талент за манипулирање. Да, тие дефинитивно се одлични манипулатори и без особени напори заработуваат битка по битка, без дури и да си ги испотат рацете.

Лето

Дамите родени во текот на летото може да се опишат само со еден збор – одлични. Тие се секогаш насмеани, емоционални и чувствителни. Со макотрпна работа постигнуваат се што наумиле. За жал, лесно избувнуваат. Горделиви и храбри девојки кои знаат како да уживаат во животот и да грабаат од него со полни раце. Во кревет – немаат еднакви.

Есен

Родените во есен се мудри и зрели личноси. Многу напорно работата во животот и секогаш ги заобиколуваат тешкотиите. Ги обожаваат живтните и сакаат да патуваат. Се одликуваат со многу остар ум и пргави мисли. Прекрасни пријатели се, но не се толку прекрасни девојки. Есенските дами живеат заради емоции.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

Објавено пред

на

ОВЕН
Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко хоби. Запишувајте ги вашите мисли и соништа. Следете ги вашите чувства, ќе ве одведат на место на кое не сте очекувале.

 

БИК
Денес ќе посакате да искажете се што ви лежи на срце. Ќе зборувате со вашите најблиски за вашите чувства. Направете попис на нештата кои долго време не ви користат и треба да се ослободите. Направете простор за нови работи. Тоа ќе ви го разчисти и вашиот ум.

 

БЛИЗНАЦИ
Вие сте роден мултитаскер но денес ќе морате да ги оставите останатите задачи и да се насочите кон исполнување на една. Немојте да го губите вашето време бесполезно, бидете корисни. Однесувајте се добро кон луѓето околу вас.

 

РАК
Доколку имате финансиски потешкотии, вашата трпеливост и упорност ќе ве одведат до целта кон нивно надминување. Ќе имате помош од некој верен пријател или ќе ви падне на памет одлична идеа како да ја зголемите добивката.

 

ЛАВ
Денес ќе брзате во се што ќе правите. Ќе сакате нештата да се одвиваат според вашето темпо и се да се случува одеднаш, но за некои работи е потребно време. Бидете внимателни и рационални, брзањето може да направи да направите погрешни избори.

 

ДЕВИЦА
Денес е ваш ден, искористете го. Денес ќе бидете спонтани и иако тоа не е типично за вас, тоа е најдобриот начин да остварите се што ќе посакате. Верувајте си на себеси, ќе ги донесете вистинските избори. Бидете практични, ѕвездите се на ваша страна.

 

ВАГА
Ќе чувствувате потреба да донесете некоја важна одлука во вашиот живот која ќе направи значајна промена во вашето секојдневие. Бидете внимателни при изборот но сепак немојте да одолговлекувате, веќе потрошивте долго време на размислување. Држете ги вашите опции отворени.

 

ШКОРПИЈА
Денес ќе оставите добар впечаток на некоја важна личност во вашето деловно опкружување и ќе се здобиете со пофалби какви што заслужувате. Ќе се чувствувате самоуверено. Кога се во прашање пријателствата во вашиот живот, верувајте и на вашата интуиција.

 

СТРЕЛЕЦ
Неодамна започнавте некој проект или работа со голема брзина и сметавте дека досега се ќе биде завршено но нешто го закочи. Немојте да се грижите, неговото довршување е блиску. Вие сте познати по тоа што го зборувате она кое го мислите, но понекогаш треба да внимавате на вашите зборови.

 

ЈАРЕЦ
Денес ѕвездите ве советуваат да ги закопате воените секири со блиските или некои луѓе од вашата околина со кои долго време сте биле во непријатни односи. Дури и ако чувствувате дека тие се оние кои ви згрешиле, морате да го преземете овој чекор затоа што е клучен за вашиот напредок – бидете први кои ќе пристапите, ќе бидете пријатно пречекани.

 

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете поотворени и покомуникативни. Ќе сакате да зборувате за вашите чувства, а можно е да откриете и некоја ваша тајна. Ќе сакате да ги спуштите ѕидовите пред некој кој го освоил вашето срце.

 

РИБИ
Денес ќе бидете малку неорганизирани затоа што вашиот ум ќе патува на сите страни. Ќе ви биде тешко да се фокусирате и концентрирате на важните нешта наместо тоа вашата енергија ќе ја трошите на непродуктивни работи. Внимавајте, подоцна тоа ќе ви пристигне на наплата па ќе морате да завршувате повеќе обврски одеднаш.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Објавено пред

на

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас.

Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат со момчињата од познатите „Скандал Састав“, додека за саботната атмосфера задолжен ќе биде Зоран Илиев кој за прв пат ќе настапи пред кичевската публика и ќе ги испее најубавите хитови во живо.

Бидете дел и резервирајте на време на 076/223-007, бидејќи местата се во ограничен збор според последните Ковид-19 протоколи

Прочитај повеќе...

Магазин

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Објавено пред

на

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да видиме момент.

Конечно, начин да се вратите преку стримовите во живо

Сепак, Twitch наскоро може да има решение за овој проблем, бидејќи моментално тестира ново копче за премотување назад кај некои корисници. Кога ќе го притиснете копчето, ќе ве врати две минути назад во преносот, вели Twitch. Оттаму, можете да прегледате што е емитувано досега, па дури и да гледате што сте пропуштиле со различни брзини, како што би правеле со било кој друг Twitch VOD (видео на барање). Ако го притиснете копчето за премотување назад, сепак ќе можете да видите што се случува во преносот во живо, благодарение на прозорецот слика во слика што ќе се појави над разговорот. Меѓутоа, ако стримерот нема овозможено VOD, нема да можете да го користите копчето за премотување назад.

Тестот на копчето за премотување назад ќе биде проширен на околу една четвртина од гледачите во наредните денови, според Twitch. Компанијата тестира и две други копчиња – копчето Remind Me ќе ви овозможи да добиете потсетник за претстојниот закажан пренос, велат од компанијата. Копчето Watch Trailer ќе ви овозможи да ја гледате трејлерот на каналот на стримерот (ако го има). Twitch ќе ги тестира овие „во текот на следниот месец“. Кога тестот ќе заврши, копчињата ќе се отстранат.

Извор: PcPress
Фото: Unsplash

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 8 минути

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 6 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 6 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 9 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 10 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 11 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 11 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

СпортПред 11 часа

Австралиската држава Викторија ја отфрли можноста невакцинираните тенисери да играат на АО

Австралиската држава Викторија, чиј главен град Мелбурн е домаќин на тенискиот грен слем турнир Австралија Опен, денеска ја отфрли можноста...

КултураПред 11 часа

ТВ серијата на Apple зборува за хакирање на мозокот

Ѕвездата на филмот „Parasite“ ќе се појави во новата серија „Dr. Brain“, која ќе дебитира ширум светот на Apple TV...

МакедонијаПред 11 часа

Нови мерки во Македонија: Од 15.11. во локали само со 2 дози вакцина

Од 15 ноември влез во угостителските објекти во Македонија ќе можат само за лица кои примиле две дози вакцина против...

НАЈЧИТАНИ