Жители на село во северозападна Германија гласаа нивните улици да си останат без имиња.

Тоа се резултати од референдум во кој 60 отсто од гласачите на селото Хилгермисен отфрлија планови на општината да им даде имиња на улиците.

Во селото живеат 2.200 жители и улиците ќе им останат без имиња, а адресите ќе продолжат да бидат означувани само со бројка.

Тоа е втор референдум за улиците во селото. Првиот беше спроведен во 2013 година.