Следете не

Македонија

ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет

Објавено пред

на

ЗНМ / МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките.

Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу другото, во МВР е назначено лице-контакт точка за интернет заканите кон новинарите и, воопшто, медиумските работници. Протоколот нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници. Ова е една од низата активности кои заеднички ги спроведуваат МВР и ЗНМ за подобрување на безбедноста на новинарите, од 2017 година, кога беше потпишан Меморандум за соработка.

На средбата се дискутираше и за други аспекти за безбедност на новинарите и медиумските работници при вршење на дејноста, заканите кои се присутни во интернет просторот, потребата од слободно и непречено известување од настани на терен, ефикасноста при заштитата на новинарите со целосна имплементација на правните инструменти кои ги имаат институциите и беше потенцирана одличната соработка меѓу МВР и ЗНМ.

„Јасна е нашата посветеност како министерство на новинарите да им се обезбедат сите услови за тие непречено да си ја вршат работата и тоа го покажавме од 2017 до сега. За тоа не смее да има дилема, затоа што слободата на медиумите е еден од базичните столбови на кој се потпира демократијата. И овој протокол, во чие што изработување учествуваа претставници од МВР, ЗНМ и експерти од академската заедница, нуди решенија коишто ќе придонесат секој новинар, особено новинарките, да се чувствуваат безбедно, но и да знаат како да постапат во случаи на закани преку интернет. За нас слободата на новинарите е приоритет и во таа насока продолжуваме и со наредни активности во соработка со ЗНМ. Во претходниот период реализиравме бројни обуки, заеднички со ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработивме  Прирачникот за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик, а денеска можеме да констатираме и дека е изработен и Протоколот за безбедност на новинарите на интернет“, потенцираше министерот Спасовски.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски рече дека овој протокол е чекор плус во градењето безбедна атмосфера за работа на новинарите. „Сметаме дека ова е позитивен исчекор во рамките на зголемување на безбедноста на колегите новинари и новинарки. Денес, не само што се соочуваме со загрозување на нашата безбедност, туку се соочуваме и со опасноста од онлајн закани, каде што, за жал, поголеми жртви се новинарките.

– На овој начин, очекуваме нападите и опасноста од нив да се намали, а неказнивоста на сторителот да исчезне. Се надеваме дека препораките кои се наоѓаат во овој протокол ќе го најдат своето место во градењето на безбедна атмосфера за работа на новинарите“ , рече претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Во процесот на подготовка на овој протокол беа направени широки анализи, искористена актуелната правна литература на темата, како и бројни институционални практики, со цел да се најде најдобриот пристап за поголема заштита и безбедност на новинарките и новинарите на интернет. На овој начин ќе се намали можноста за самоцензура поради постоечки страв од напад, а ќе се зголеми слободата на изразување и професионалните новинарски стандарди.Членови на работната група составена за подготовка на овој протокол од ЗНМ беа Младен Чадиковски и Драган Секуловски, Никола Дујовски, професор на Факултетот за безбедност Скопје при УКЛО Битола, Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ Скопје, Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност и стратешко планирање при МВР, а од новинарките, членови на работната група беа Сашка Цветковска, Еви Шкопи и Кристина Атовска.

Македонија

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 часа

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин4 часа

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија1 ден

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин1 ден

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили1 ден

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (22 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Автомобили2 дена

„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..

Кога „Toyota“ подготвува нешто, секогаш е големо и го привлекува вниманието на целиот свет. Сега побара помош од две кинески...

Кичево2 дена

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за...

НАЈЧИТАНИ