Lifestyle
Зашто треба да се дозволи кратко преспивање на работа

Сите ние на работа ги имаме оние моменти кога многу ни се спие и кога ни кафето не ни помага, па и 10 минутно преспивање ни е доволно.
Најновото истражување објавено во Nature Neuroscience покажало дека работниот учинот на човекот се намалува во текот на денот, но тие коипреспале 30 минути го спречиле тоа намалување. Тие луѓе пак кои преспале 60 минути, не само што го спречиле намалувањето, туку и ги подобриле своите перформанси.
Авторката на стуијата за New York Times изјавила дека краткото преспивање дава различни поволности.
“Краткото спиење може да има ист ефект како и редовното спиење само ако е квалитетно” кажала таа.
Долгото спиење може да предизвика чувство на поспаност, но доколку тоа трае помеѓу 20 и 60 минути, може да помогне во подобрување на помењето и учење на одредени детали. Причината поради која не треба да се преспива повеќе од 60 минути е тоа што тогаш организмот влегува во РЕМ фазата.
Ова не е единственото истражување кое се занимавало со ефикасноста на овој вид на сон.
Во Центарот за истражување на сонот во Универзитетот УЦЛА, доктор Џер Сигм кажал за значењето на дневното преспивање, но и дека ноќниот сон има голема улога.
“Дневното спиење секако дека ја зголемува будноста, но тоа не е едноставно како да отидеш до бензинска пумпа и да наполниш бензин” кажал тој.
На жените им е потребен сон за 20 минути подолг од мажите. Најдобро време за преспивање, според невролозите, е работното време.
Lifestyle
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!

Нашиот Лозано е секогаш добро решение за ноќниот живот во Кичево, баш како и што доликува, резервирано до последно место помеѓу своите кичевчани кои секогаш ја даваат безрезервната поддршка на секој негов настап или концерт.
„Ја излези Ѓурѓо“ во живо и мал дел од атмосферата помината викендов во кичевскиот „Институт“
Lifestyle
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!

Теа Таировиќ распали со знамето и нашата безременска „Македонско девојче“
p.s. По социјалните мрежи коментираат Теа простено тие за песната отпеана кај соседите која крена бура од оправдани реакции
Видео: ТУКА
Lifestyle
Подгответе се, заразните болести ќе се влошат поради климатските промени

Последиците од повеќе од половина од заразните болести кои го погодиле човештвото низ историјата се влошени од климатските промени.
Загрижувачки информации презентираа научници од Универзитетот на Хаваи кои анализираа повеќе од 70.000 научни студии за да утврдат како различните климатски промени влијаеле на 375 патогени болести кои ги погодуваат луѓето.
„Морам да признаам дека станував сè позагрижен како што напредуваше нашето истражување. Почнавме да разбираме како емисијата на гасови со ефектот на стаклена градина може да влијае на 58 отсто од сите заразни болести кои влијаат на човештвото“, вели Камило Мора, автор на студијата објавена во списанието Nature Climate Change.
Научниците одамна знаат дека климатските промени можат да ги засилат ефектите од заразните болести, што ги прави почести и посмртоносни.
Меѓутоа, новата студија сликовито го покажува обемот на заканата, потврдувајќи несомнено дека 58 отсто од сите заразни болести (218 од 375) може да бидат влошени од некои од последиците од климатските промени – зголемување на температурите, суши, пожари, пораст. нивото на морето и екстремните врнежи.
Мора исто така нагласи дека заклучокот од студијата е прилично конзервативен.
Како климатските промени влијаат на патогените
Истражувачкиот тим ја пребара обемната научна литература за студии за сите видови патогени – вирусни, бактериски, преносливи од животинско потекло – и откри дека зголемените температури влијаат на 160 различни болести.
Екстремните врнежи погодија 122 болести, поплави (121), суша (81), бури и катастрофи (71), климатски промени во океаните (43), шумски пожари (21), топлотни бранови (20) и пораст на нивото на морето (10).
Во студијата, експерти од Хаваи објаснија како климатските промени доведуваат до зголемување на ефектот на заразните болести – со зближување на луѓето и патогените.
Зголемените температури и врнежите им овозможуваат на комарците, крлежите, птиците и другите носители на болести да го прошират своето живеалиште и да дојдат во контакт со многу повеќе луѓе.
Во исто време, човечкото раселување и миграцијата предизвикани од порастот на нивото на морето и екстремните временски услови доведуваат до тоа луѓето од одредени области да дојдат во контакт со патогени со кои инаку не би се сретнале.
Покрај тоа, глобалното затоплување им овозможува на патогените полесно да се репродуцираат и да станат повирулентни.
Извор: RTS
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево2 дена
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија11 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Македонија11 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (16 август)
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија1 ден
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!