Случувања Спорт

Не беше радоста за џабе: Звезда синоќа заработи богатство!

Фудбалерите на Црвена Звезда синоќа остварија историски успех и со елиминацијата на Салцбург се пласираа во групната фаза од ЛШ.

Покрај фактот што влегоа во елитата, српскиот клуб ќе заработи и огромна сума пари од УЕФА.

Имено, самиот пласман во групната фаза на „црвено-белите“ им донесе 15 милиони евра, меѓутоа тоа не е се. За секоја победа која ќе ја оствари Звезда ќе инкасира 2,7 милиони евра, а за секое реми 900.000 евра.

Притоа, одличните европски партии му овозможија на српскиот тим својот најдобар фудбалер Немања Радоњиќ да го продаде во Марсеј за 12 милиони евра, па слободно може да се констатира дека Црвена Звезда во наредните години сигурно нема да има финансиски проблеми.

Денес од 18:00 часот на ждрепката во Монако, Звезда ќе ги добие противниците за фазата по групи.