Македонија
1.037 нови и 36 починати од Ковид-19. Во Кичево е веќе алармантна состојбата..
Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 386
• Тетово – 110
• Гостивар – 73
• Куманово – 60
• Струмица – 57
• Струга – 50
• Кичево – 43
• Охрид – 35
• Дебар -32
• Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21
• Свети Николе – 18
• Битола – 17
• Штип -14
• Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9
• Кочани – 8
• Неготино и Пробиштип – по 7
• Ресен и Крива Паланка – по 6
• Делчево и Кратово – по 5
• Крушево – 4
• Македонски Брод – 2
• Берово и Богданци – по 1
Пријавени се 36 починати лица: 11 починати лица од Скопје ( 76г, 70г, 69г, 67г, 67г, 65г, 62г, 50г, 48г, 48г, 47г), 8 починати лица од Тетово ( 85г, 81г, 69г, 64г, 63г, 63г, 61г, 57г), по 3 лица од Кичево (72г, 68г, 56г) и Струмица ( 71г, 65г, 57г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г, 68г) и Струга ( 72г, 67г) и по едно лице од Гостивар (53г), Ресен ( 24г ), Дебар ( 54г ), Кочани ( 79г ), Велес ( 62г ), Валандово ( 58г ) и Македонски Брод( 63г ). Од починатите лица 35 се починати во болнички и едно лице во домашни услови.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од:
• Скопје – 123
• Гостивар – 106
• Тетово – 85
• Куманово – 37
• Струмица – 30
• Кичево – 25
• Охрид – 21
• Струга – 18
• Битола – 11
• Кавадарци и Ресен – по 9
• Штип – 8
• Кочани и Дебар – по 7
• Радовиш, Берово и Кратово – по 6
• Виница – 5
• Прилеп – 4
• Велес и Свети Николе – по 3
• Пехчево – 2
• Валандово, Делчево и Пробиштип – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697
Македонија
МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна МВР.
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија3 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Скопје3 часаСкопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
