Следете не

Литература

Драги родители, „IQ Up!“ едукација за вашето дете сега и во Кичево, уписите се во тек, регистрирајте се за бесплатен пробен час!

Објавено пред

на

Сега и во Кичево „IQ Up!“, специјална едукацијата која е базирана на иновативна методологија во која се имплементирани најсовремени и докажани техники, пристапи и методи за едуцирање на децата. Забавни и интерактивни програми во кои се вкрстуваат проблематиките на сите природни науки, математика, технологија, инженерство, уметност, литература и програмирање.

За секоја програма имаат специјално дизајнирани сетови од дидактички материјали и нагледни средства кои учителите ги користат на часовите за да создадат магија во наставата, додека IQ Up! училниците, кои наликуваат на забавни лаборатории, се дизајнирани да ги инспирираат децата да учат, создаваат и иновираат.

За себе велат пред сè дека целта е едукација на стекнување функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на нашите ученици.

– На нашите часови, учениците учат преку експериментирање, истражување, анализирање, работа на реални проекти и решавање на проблеми. На тој начин децата стекнуваат функционално и практично знаење, многу полесно и поквалитетно ги разбираат наставните теми и концепти, но и развиваат умствени вештини.
Логичко размислување, креативност, анлитичко размислување и способност за решавање на проблеми се дел од интелектуалните вештини кои ги развиваат децата преку нашата едукација, а се многу важни за нивниот развој и можности во 21 век.

 

📝 Регистрирајте се за бесплатен пробен час, стартот е од месец септември преку линкот ТУКА или контактирајте на тел бр. ☎️ 071/777-939.
✅ Заследете ја нивната официјална фејсбук страница „IQ UP – КичевоТУКА и следете ги сите новости!

Литература

Кичевчани помеѓу наградените на овогодинешната меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Објавено пред

на

Во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско по седми пат се реализираше Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во организација на истоименото Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“, со поддршка на Општина Охрид. Оваа манифестација има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија

Нашите сограѓани Лидија Аврамоска, Наташа Наумоска и Јован Миноски од Кичево беа помеѓу наградените во категоријата на Македонски автори на овогодинешната меѓународната поетска манифестација „Охридски Поетски Бисер“.

– За сите дарови Му благодарам на Бога, па и за овој дар, за оваа награда од страна на организаторите на манифестацијата Охридски поетски бисер, во која зедоа учество околу 150 македонски автори, и околу 60 од регионот и од дијаспората, а на која ми беше чест и задоволство да учествувам.

– Затоа тоа што истата испраќа една силна порака до верниот народ за зачувување на вистинските морални вредности на кои новите времиња не само што не може да ги уништат, туку не може воопшто да ги разнишаат. Затоа што нашиот народ е народ со висока свест за човечноста, а таа извира од длабоките корени на традицијата, додека организаторите на оваа традиционална манифестација токму тоа и го прават, ги негуваат тие вредности и го приближуваат народот кон човечноста, а со тоа и кон божественото.

– Им благодарам што и преку наградувањето на стиховите на „Себепознание“ го докажаа тоа со тоа што третото место ни го доделија мене и на мојата колешка Лидија Аврамоска. И преку овој гест се потврдува поговорката дека сѐ што се дели се намалува, само љубовта кога се дели станува уште поголема. А Божествената љубов е токму таква, за нашиот портал додаде г-ѓа Наумоска и ни испрати текст од стиховите на „Себепознание

Ѕирка, довикува
од самиот раб на провалијата
наречена суета.
Понекогаш ни изгледа блиску
заради лажното смирение.
Никако не може
нашето ,,јас” да разбере
дека лажно е сѐ.
Оној ден штом осамне
утрото на вистината,
дека не на дното
ами сме под него разбереме,
тивко ќе нѐ прегрне
бескрајна смиреност,
ќе одекнува силно аплаузот
на едно себепознание,
додека образот на нашето ,,јас”
силно ќе црвенее од срам
поради нашата
правлива безвредност.

– Охридски поетски бисер е манифестација од меѓународен карактер на која имаше поети од Македоноја, Србија, Црна гора и БиХ. Од испратени 160-тина творби од македонски автори беа одбрани 50-тина. Имаше многу убави песни кои секако заалужуваа да бидат наградени, но комисијата одлучи да ми го додели 3-то место на мое огромно задоволство кое го делев со Наташа Наумоска исто така од Кичево и член на литературниот клуб „Китка“. Ова е манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик и поезија, не само во Македонија, туку и низ светот, а со тоа и нам да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски, литературен македонски јазик – за порта.мк исто така додава добитничката Аврамоска и ни ја претстави својата творба „Илузија“

Сонот лекува,
но е само пауза во бекството.
Улиците се тмурни
за фантазерите и романтичарите.
Полни се со безнадежност
Среќата е залутана
Каде е патоказот
кон она што се вика дом…
Осамени лица
под испукано небо
во џеб мирисот
на безгрижно детство
и топол леб.
Гужва и галама
на луѓе гладни,
невидливи и ладни
никој, никого на мир не остава,
а никој за никого не се грижи.
Сонцето е се подалеку и поладно.
Сакам да заспијам
и да се разбудам
кај што сонцето ја топли душата..
на некое друго место
и во некое друго време…

Прочитај повеќе...

Литература

Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Објавено пред

на

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време!

Во преданијата кои ја раскажуваат Македонија, ќе сретнете непокор, јунаштво, предавства, љубов, мудрости, приказни во кои дефилираат цареви,
принцези, војсководци, бегови, паши, невести, ѓаволи, доаѓаат и светците како заштитници, а прелетува и по некој змеј.

Кратка содржина:

Како Свети Јован го спасил Бигорскиот манастир од уништување? Како од солзи можат да се создадат езера? Зошто е проколната грешната принцеза Струма?
Како Мариово добило царски ферман за навек да остане христијанско? За кого клетвата значи скаменување? Зошто мајмун не игра во Прилеп?
Зошто ѓаволот не успеал да го догради ѕидот во Овче Поле? Како копјето станува волшебно кога ќе ја чуе песната на соколот?
Дали под Плетвар има подземни пештери кои водат до Солун? Како настанал охридскиот чун? Колку долго Бела Ица го чекала царот Александар да дојде по неа?

На сите овие прашања, одговорите се кријат во овој зборник – овде се собрани само дел од приказните со кои можеме читајќи да пропатуваме низ времето на прастарата и никогаш недораскажана Македонија. Преданијата од нашите предци ги наследуваме со вековен аманет да ги раскажеме, запишеме и да им подариме вечност, а со тоа ги овековечуваме и оние кои нам ни ги раскажале.

Прочитај повеќе...

Култура

Amazon ги затвора сите свои книжарници

Објавено пред

на

Amazon, гигант за е-трговија, потврди дека ќе затвори 68 свои книжарници како дел од прилагодувањето на новата стратегија за развој на малопродажниот бизнис. Покрај книжарниците, компанијата планира да затвори уште два концепта на физички продавници – продавници со „4-star“ кои продаваат производи со висок рејтинг на онлајн клиенти, како и продавници за Pop Up.

Наместо тоа, Amazon сака да се фокусира на други физички продавници, вклучувајќи ги и продавниците за храна, Amazon Fresh и Whole Food, како и неодамна отворениот синџир продавници за облека, Amazon Style. Покрај нив, тој сака да посвети повеќе внимание на концептот на автоматизирани продавници без касиери – Amazon Go.

Amazon ја отвори својата прва физичка продавница на почетокот на 2015 година, на кампусот за студенти. Подоцна истата година, тој ја отвори првата книжарница во Сиетл. Во 2017 година, тој ги објави плановите за купување на Whole Foods, со која се здоби со синџир од стотици продавници за храна. Истата година, беше објавен синџир на трговци на облека, Amazon Style. До крајот на 2021 година, Amazon имаше 672 физички продавници во Северна Америка.

/CNN/

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет4 минути

(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!

Легендарниот голман на Фенербахче и Турција, Волкан Демирел, а сега тренер на Хатајспор, преку видео повик моли за помош, објаснувајќи...

Кичево3 часа

Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во...

Магазин3 часа

WhatsApp наскоро може да им дозволи на корисниците да испраќаат фотографии со целосен квалитет

Се шпекулира дека ова претстојно ажурирање има „автоматско“, „најдобар квалитет“ и „заштеда на податоци“ како опции за конфигурации за квалитетот...

Lifestyle3 часа

5 начини да се ослободите од влакната од домашни миленици! Чистењето никогаш нема да биде полесно.

Селотејп и гумени ракавици се само неколку начини да помогнете во борбата против влакната од домашни миленици. Сите сакаме домашни...

Занимливости3 часа

Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH — Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017 Го најдовте ли слонот? Откако ќе...

Магазин3 часа

Најмоќниот и најскапиот телефон на Apple досега пристигнува со еден голем новитет

Се чини дека овој телефон нема да го замени моделот iPhone Pro Max, туку ќе биде категорија над него. Веќе...

Автомобили3 часа

Golf повеќе не е број 1, но VW сè уште гори во Европа

И покрај фактот што по неколку децении неговиот модел повеќе не е европски бестселер, Volkswagen останува неприкосновен лидер на Стариот...

Магазин3 часа

Google инвестира 400 милиони долари во конкурентот ChatGPT, стартапот Anthropic

Вештачката интелигенција и четботите дефинитивно го зафатија светот во последните неколку месеци. Напредокот постигнат на ова поле го лансираше ChatGPT...

Магазин3 часа

Google се пофали: Овој сервис има 50 милијарди прегледи дневно

Услугата за кратки видео клипови, наречена YouTube Shorts, беше лансирана од Google во јули 2021 година и оттогаш забележа значителен...

Магазин3 часа

Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција

Аукциската куќа LCG Auctions понуди на продажба прва генерација на iPhone, фабрички завиткан во целофан, со 8 GB простор за...

НАЈЧИТАНИ