Следете не

Култура

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Објавено пред

на

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие секогаш будат исти топли чувства.

Во наша анкета, побаравме од читателите да го изберат најдобриот божиќен филм на сите времиња од листа со десет познати наслови:„The Holiday“ „Elf“ „Love Actually“ „How the Grinch Stole Christmas“ „Home Alone“ „Die Hard“ „Planes, Trains and Automobiles“ „A Christmas Carol“ „Miracle on 34th Street“ „It’s a Wonderful Life“

Со огромна предност, „Сам дома“ победи со 56% од гласовите. Овој иконски прв дел од франшизата, кој ја следи приказната за осумгодишниот Кевин Мекалистер, останува омилен избор за многумина. Во момент на лутина, Кевин посакува неговото семејство да го нема, а неговата желба неочекувано се остварува кога родителите го забораваат дома и заминуваат на патување. Но, ситуацијата се заплеткува кога Кевин мора да ја брани својата куќа од двајца криминалци, Хари и Марв.

Неверојатен успех на филмот

„Сам дома“ премиерно беше прикажан на 16 ноември 1990 година и веднаш стана хит. Филмот помина 12 недели како најгледан во САД, а остана во топ 10 до април 1991 година, дури и по Велигден. Со заработка од 476 милиони долари, филмот постигна неверојатен успех во однос на својот буџет од само 18 милиони долари.

Главниот актер, Меколи Калкин, беше клучен за успехот на филмот. „Меколи имаше нешто посебно. Беше природен, шармантен и смешен. Имаше несовршености што го правеа уште попривлечен“, изјави режисерот Крис Колумбус.

Со годините, „Сам дома“ останува симбол на празничната атмосфера, буди смеа и носталгија, и продолжува да биде неизоставен дел од божиќните традиции.

Извор: Dnevnik

Култура

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Објавено пред

на

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Прочитај повеќе...

Култура

122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Објавено пред

на

На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.

Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.

Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.

Прочитај повеќе...

Култура

Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

Објавено пред

на

ФОТО: ©bigorski.org.mk

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).

На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како покровител на полициските и безбедносните сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Помеѓу возилото и Еордијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна изобразба на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древен Рим. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

Традиционално, пред почетокот на Еордијата (Литија), во храмот на Св. Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот исто така ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, кој ќе биде изведен од страна на чуварите на нашата богата фолклорна традиција: „Ансамбл Македонија“.

Од надлежните служби: Во оваа прилика ги потсетуваме сите пилоти на беспилотни летала: Посебно да се внимава на последната регулатива изгласана со закон за пилоти на беспилотни летала (дронови), да се придржуваат кон правилата и законските регулативи (Правилник за воздухоплови без екипаж) за надлетување во отворен простор. Пилотите треба да поседуваат валидна лиценца и летовите да бидат најавени во согласност со правилникот, односно одобрени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во спротивно надлежните служби ќе вршат санкции според закон.

Вака беше лани:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 21.05.2025 (среда), во периодот од 09 до 12 часот заради изведување...

На денешен ден19 часа

Времеплов: На денешен ден (20 мај)

Светот виден на денешен ден, 20-ти мај 📜 Среден и нов век 1349 – Цар Душан го прогласува Душановиот законик,...

Спорт20 часа

Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија....

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (20 мај)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

Храна22 часа

Следните 6 витамини се најзастапени во магдоносот, истиот може да помогне при висок крвен притисок

Магдоносот спаѓа во зачински билки кои најчесто се користат при готвење, а покрај својата арома обезбедуваат бројни хранливи материи и...

Македонија1 ден

Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

Дали рчите во сон? Причина може да биде оваа секојдневна навика

Рчењето е чест проблем кој не само што го нарушува сонот, туку може да биде и знак за длабоки нарушувања...

Lifestyle1 ден

Како да го исчистите одводот без сода бикарбона и оцет: Ефикасни и едноставни решенија

Избегнете скапи поправки со домашни методи кои навистина функционираат Затнат одвод е проблем со кој се соочуваат многумина – водата...

Македонија1 ден

Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција...

Македонија1 ден

МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56)...

НАЈЧИТАНИ