Кичево
Утре по повод 11 септември ден на ослободувањето на Кичево ќе се реализира манифестација

Утре кичевчани преку официјална манифестација ќе оддадат почит по повод 11 септември, денот на Ослободувањето на град Кичево, пред НУ „Музеј на Западна Македонија“ – во НОВ, со почеток од 10:00ч, а потоа ќе се положи свежо цвеќе во спомен костурницата на Китино Кале, поканети се сите заинтересирани да го проследат еден од најважните денови во нашата историја.
Инаку на овој ден 11 септември 1943, пред точно 80 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.
Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.
За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…

Партизанските единици маршираат во слободно Кичево, 11 септември 1943 година
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.

Народен митинг во слободно Кичево одржан на 26 септември 1943. Истакнувањето само на Македонското знаме било јасен показател за самостојната борба на македонските партизани за слободна Македонија. Тоа многу не му се допаднало на „главниот“ говорник Светозар Вукмановиќ – Темпо.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
Кичево
Денес се навршуваат 80 години од првото македонско училиште во с.Подвис – кичевско

На денешен ден пред точно 80 години (23-ти септември) 1943 г. во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена територија.
Денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид
Да не се заборави ова значајно историско место, иако за негова ревитализација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.
Од тука произлага легендарната:
“Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик .
И ќе си се поздравуваме на македонски јазик!”
ВАСИЛКО РИСТЕСКИ с.Подвис, кичевско, 23 септември 1943 година.
Кичево
(ФОТО) Најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ денес во Кичево по повод „Светскиот ден без автомобили“ дефилираа со „тротинети“

Денес 22-ри септември во еко-календарот е „Светскиот ден без автомобили“, покрај тоа што е гласник и почеток на есента, важно е да се каже дека автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот и тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа.
Традиционално по тој повод најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ облечени во бели маички и капчиња, заедно со клонови групи од 5 до 6 годинки во голем број продефилираа низ кичевските улици со „тротинети“ украсени со најразлични пораки со кои уште еднаш ги потсетија учесниците во сообраќај за важноста на овој ден.
На покана од градинката овој настан го проследивме со големо внимание и истиот Ви го пренесуваме преку фотографија, доколку истата сакате да ја имате, пишете ни на нашата официјална фејсбук фан страна.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во Кичево вчера и денес посетен од рекорден број на верници по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен од рекорден број на верници, како предвесник на денешниот патрон празник Рождество на Мајката Божја, или кај народот позната како „Мала Богородица“.
Исто така вчерашниот ден беше посебен бидејќи една од искушеничките се замонаши и го доби своето монашко име „Теодосија“, додека денес Манастирскиот кум Горан Стојкоски послужи манастирски ручек и во исто време изврши примопредавање на кумството до новиот кум.
Неколку фотографии преку нашиот објектив, кој го одбележаа овој прекрасен ден
За многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп18 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза2 дена
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Временска прогноза2 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември