Спорт
31-во финале во фудбалскиот Куп на Македонија, Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј, истакнат и баражот на натпревари за пополнување на Прва и Втора МФЛ
Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во среда од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во 31-то финале во Купот на Македонија.
За првпат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не се нашле во меч за титула и за првпат, Тиквеш и Воска Спорт преку овој натпревар ќе имаат шанса да излезат во Европа, односно во квалификациите за Лигата на конференции.
Финалето на Купот на Македонија е нешто посебно, битката за пехарот несомнено е дека ќе биде спектакл. Тиквеш и Воска Спорт апсолутно заслужено се најдоа во финалето. Со своите настапи во досегашниот дел од ова натпреварување покажаа најмногу, ги минаа сите пречки, покажаа квалитет и сега ќе бијат битка за пехарот, но и за пласман во Европа.
Патот до финалето во Купот на Македонија:
ТИКВЕШ
1/16 ФИНАЛЕ: АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2
1/8 ФИНАЛЕ: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:1
1/4 ФИНАЛЕ: ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5П)
1/2 ФИНАЛЕ: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0, 0:0 (3:5П)
ВОСКА СПОРТ
1/16 ФИНАЛЕ: КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0:10
1/8 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0:0 (4:1П)
1/4 ФИНАЛЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0:1
1/2 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0, 1:2
Историјата покажува дека во финалните мечеви нема фаворити и нема аутсајдери. Тоа се тие 90 или 120 минути, па и пенал – серии во кои треба да го покажеш тоа најмногу што го знаеш, нема поправен, нема реприза, нема втора шанса. Историјата, поточно традицијата кажува кога станува збор за финалињата во Купот на Македонија дека на последните шест средби или четири во низа, се изведувале пенал – серии.
Ова ќе биде 31. финале во Купот, а се започна во сега веќе далечната 1993 година кога на, тогаш, Градски, пред 20.000 гледачи Вардар со 1:0 со голот на Савов во 86.минута го победи Пелистер и се радуваше на првиот трофеј. Следуваа 30 финални мечеви,имаше спектакли како оној во 2003 кога Цементарница во блескаво финале, по 4:4, победи на пенали. Потоа имашеи супер интересни завршницикако во 2006 кога Ивановски му го донесе пехарот на тимот од Ѓорче, секако ќе го паметиме оној гол на С. Пандев во 2009 година во 90.минута за 1:1 меѓу Работнички и Македонија ЃП. Не смее да се заборави ниту финалето во 2000 година кога среде Прилеп, тогаш Слога Ј со неверојатни 6:0 славеше над Победа. Интересно, на последните шест средби дури петпати или четири во низа, пеналите го решавале победникот. Во 2020 година поради Ковидот не се одигра финалето, а сите сме во очекување на дуелот меѓу Тиквеши Воска, екипи од кои се очекуваквалитетно и интересно финале.
Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets.
Во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во Street Café, додека поддржувачите на Воска, билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. Вис Пој. На денот на натпреварот, билети може да се купат и на билетарата на Националната арена „Тодор Проески“.
Исто така во „Куќа на фудбалот“ беа одредени и паровите за пополнување на Прва и Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2024/25.
ФК ВАРДАРСКИ – ФК КОРАБИ (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Борис Трајковски“, Маџари);
ФК ПОБЕДА Прилеп – ЗГ ФК КУМАНОВО (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Ѓорче Петров, Скопје);
ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 – ФК БОРЕЦ 1919 (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Петар Милошевски“, Битола);
Бараж натпревар за пополнување на Прва МФЛ:
ФК ВАРДАР – ФК ДЕТОНИТ Плачковица (26.05.2024, 17:00 часот, стадион „Благој Истатов, Струмица);
Се игра еден натпревар. Во случај на нерешен резултат, веднаш се пристапува кон изведување пенали, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево16 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура20 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија10 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп8 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин19 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
