Следете не

Здравје и убавина

Истражувања и Студии: Како треба да се пие Аспирин во борба против Коронавирусот

Објавено пред

на

Во една неодамнешна студија, употребата на аспирин за да се избегне развој на кардиоваскуларни заболувања кај здрави луѓе е поврзана со 29 проценти помала веројатност за инфекција со ковид-19, во споредба со луѓето кои не земале аспирин. И покрај фактот дека овој лек е исклучително корисен за заштита од корона, не смееме да го земаме самостојно, предупредуваат видни лекари..

Аспиринот е безбеден и ефтин лек кој главно се користи во превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања и се користел во минатото за ублажување на болката и треската.

Употребата на аспирин беше многу популарна за време на пандемијата на грип во 1918 година, неколку децении пред научната потврда за неговата ефикасност против РНК вирусот. Студиите покажаа дека аспиринот, покрај добро познатите антиинфламаторни ефекти, може да предизвика и имунолошки одговор, со што ќе му помогне на човечкиот имунолошки систем во борбата против некои вирусни инфекции.

Имајќи ги предвид овие информации, израелски истражувачи претпоставија дека терапија со ниски дози на аспирин (75 мг) пред инфекција со ковид-19 може да има потенцијално корисен ефект врз времетраењето на болеста.

Заеднички тим од универзитетот Бар-Илан и медицинскиот центар Барзилаи спроведоа епидемиолошка студија, користејќи податоци од здравствените услуги на Леумит, националната организација за одржување на здравјето во Израел. Нивните откритија неодамна беа објавени во весникот FEBS.

Истражувачите анализирале податоци за 10.477 луѓе тестирани за Ковид-19 за време на првиот бран во Израел од 1 февруари 2020 година до 30 јуни 2020 година. Употребата на аспирин за да се избегне развој на кардиоваскуларни болести кај здрави луѓе е поврзана со 29 проценти помала веројатност на инфекција, во споредба со оние кои не земале аспирин.

Тие, исто така, забележаа дека пациентите кои пиеле аспирин пред инфекцијата побрзо го минале колкот – времетраењето на болеста било пократко за два до три дена.

Тој исто така истакна дека аспиринот има превентивно дејство кога станува збор за ковид 19.

– „Се смета дека има заштитен ефект, бидејќи спречува формирање на тромби и ја забрзува циркулацијата. Така, се намалува можноста за врзување на вирусот со рецепторот  и покрај сето ова, како и фактот дека аспиринот е лесно достапен, не смееме да започнеме да го пиеме самостојно. Консултацијата со лекар е задолжителна, предупредуваат лекарите.“

– „Ако некој е алергичен на ацетил-салицилна киселина, не треба да ја зема, исто така, ако користи друга терапија против тромб. „Ако некој има чир на желудник, аспиринот може да предизвика крварење“

Исто така, мора да се внимава на дозата, која може да ја одреди само лекар. Лекарите често препишуваат аспирин и слични лекови на пациенти кои имале до сега коронавирус.

Здравје и убавина

Доколку сакате да ослабете, тоа незначи дека треба да се гладува

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Victor Freitas

Редовната физичка активност во комбинација со балансирана и умерена исхрана претставува најсигурен начин за намалување на килограмите и обликување на телото. Кога еднаш ќе создадете рутина што ја спојува оваа здрава навика, можете да додадете и неколку дополнителни чекори кои ќе го олеснат процесот на слабеење и ќе ве доведат поблиску до вашата цел – посакуваната тежина и фигура.

1) Јадете свесно и на маса
Избегнувајте да јадете додека работите, сурфате на телефонот, гледате телевизија или читате. Истражувања во Велика Британија покажале дека луѓето кои јадат на ваков „расеан“ начин внесуваат повеќе калории, а подоцна во текот на денот повторно имаат потреба од храна.
Затоа, обидете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги консумирате на трпезариската маса, со целосно внимание на оброкот. На тој начин, телото подобро ќе ја препознае количината на внесена храна и ќе ви даде чувство на ситост навреме.

2) Изберете помали чинии
Користењето на помали садови е едноставен трик кој може да резултира со намален внес на храна и до 30%. Со ваков пристап, ќе го контролирате количеството без да се чувствувате лишени.

3) Осигурете си доволен сон
Недостатокот на сон е тесно поврзан со лош избор на храна. Кога сме ненаспани, имаме тенденција да бараме засладени намирници за „брзо будење“, што негативно влијае на метаболизмот и на контролата на тежината. Затоа, квалитетниот и доволен сон е еднакво важен дел од процесот на слабеење.

4) Спијте во целосна темнина
Светлината во просторијата може да го наруши квалитетот на сонот и да ја отежне регулацијата на телесната тежина. Голема студија спроведена во САД утврдила дека жените кои спиеле во темни простории имале помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
За да ја подобрите ситуацијата, можете да инвестирате во завеси што не пропуштаат светлина или да користите маска за очи додека спиете.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Витаминот „Д“ има клучна улога и во работа која сигурно не сте ја знаеле

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shane

Според сексологот д-р Али Дилкс, витамин „Д“ има клучна улога во сексуалното здравје, бидејќи го стимулира производството на тестостерон – хормонот кој директно влијае на либидото. Најприродниот начин за негово добивање е преку сончевата светлина.

Д-р Дилкс посочува дека мажите кои чувствуваат намалена сексуална желба можат да ја подобрат својата состојба доколку поминуваат по половина час дневно на сонце, во период од две недели. Таквата навика значително го зголемува нивото на витамин Д, а со тоа и сексуалната желба.

Недостатокот на овој витамин, додава таа, негативно влијае и врз жените. Кога нивото на витамин Д е ниско, се намалува лачењето на естроген – хормон кој е одговорен за цврстината и здравјето на вагиналните мускули.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Сигурно сте се запрашале на што се алергични најмногу децата до три годишна возраст

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Robert Collins

Често кога се зборува за алергии, веднаш помислуваме на кикирики, риба или школки. Но, најчестата алергија кај децата до тригодишна возраст всушност е – алергијата на млеко. Според истражувањата, секое 40-то дете има ваква реакција, што е двапати почесто од алергијата на јајца и дури трипати почесто од алергијата на кикирики.

Добрата страна е што оваа алергија во повеќето случаи не претставува сериозна опасност и најчесто исчезнува со тек на времето. Наместо тешки симптоми со дишењето, кај најголем број деца се појавуваат кожни реакции – дерматитис или осип.

Но, тука се јавува една честа заблуда – многу родители веднаш претпоставуваат дека секое повраќање или осип се должи на алергија, па им воведуваат на децата рестрикции во исхраната. Таквите мерки често се неоправдани и можат да му наштетат на целокупното здравје на детето.

Затоа е важно:
👉 Не поставувајте сами дијагноза.
👉 Доколку се сомневате, консултирајте педијатар или алерголог.
👉 Не воведувајте посебни режими на исхрана доколку нема јасна медицинска причина.

Интересно е и гледиштето познато како „хипотеза на хигиена“. Таа укажува дека претерано стерилното окружување може да го зголеми ризикот од алергии. Истражувањата покажуваат дека во земји како Израел и Кина, каде што децата уште во најрана возраст се запознаваат со екстракти од кикирики, процентот на алергии е значително понизок.

Порака до родителите:
Рамнотежата е најважна. Наместо непотребни ограничувања или претерана стерилност, доверете се на стручна проценка и овозможете му на вашето дете разновидна и балансирана исхрана.

Извор: mayoclinic.org / делумни факти

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија39 минути

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт1 час

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт5 часа

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа! Извор: ФФМ

Временска прогноза14 часа

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе...

Скопје15 часа

Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место

Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе...

Кичево16 часа

Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (10 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево1 ден

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија2 дена

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

НАЈЧИТАНИ