Македонија
Денеска повторно висока бројка на заболени од Ковид – 1216 и 15 починати

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти од: Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Направени се 3.761 тестови преку: ИЈЗ-732, ЦЈЗ Скопје-136, Авицена-345, Биотек-407, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина -303, лабораторија Лаор–202, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-8, Синлаб-78, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.
Македонија
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.
Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.
По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.
Глисерот е одземен за понатамошни вештачења, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид ззатекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 9 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.
Апелираме до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.
– Воедно, упатуваме апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема.
Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Македонија19 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Магазин21 час
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија24 часа
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Спорт2 дена
Ландо Норис ја забележа својата трета победа