Следете не

Свет

Луѓето над 65 години се изложени на поголем ризик од повторна инфекција со корона: Постои само едно решение

Објавено пред

на

Студијата покажа дека оние над 65 години имаат само 47 проценти заштита од повторна инфекција, во споредба со 80 проценти заштита за помладите луѓе.

Повеќето луѓе кои се заразиле со коронавирус се заштитени најмалку шест месеци од повторна инфекција, според најновата студија. Но, постарите луѓе имаат поголема веројатност повторно да добијат инфекција со корона отколку помладата популација.

Студија објавена од престижното медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 проценти од луѓето по втор пат биле позитивни на тестот „ковид-19“, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска. Тоа е многу пониско од 3,27 проценти, што беше позитивно за вирусот по користењето на многу попрецизни PCR-тестови, и бидејќи тие претходно беа негативни на таканаречениот брз тест.

Сепак, студијата покажа дека луѓето над 65 години имаат само 47 проценти заштита од повторна инфекција, во споредба со 80 проценти заштита кај помладите луѓе.

Нашата студија го потврди она што многу други го предложија: повторна инфекција со вирусот корона е поретка кај помлади, здрави луѓе отколку кај постари луѓе кои имаат поголем ризик од повторна инфекција. Бидејќи постарите луѓе имаат поголема веројатност да имаат посериозни симптоми на болеста, како и смрт, нашите откритија појаснуваат колку е важно да се применуваат мерки за заштита на старите лица за време на пандемија – рече Стин Ителберг, од данскиот институт за серуми „Статенс“

Авторите на студијата не открија дека заштитата од повторна инфекција се намалува за шест месеци од болеста, но тие истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди заштита од повторна инфекција во различни варијанти на вирусот.

Податоците кои беа предмет на анализа беа собрани со помош на данската национална стратегија за тестирање, во рамките на која беа тестирани 69 проценти од населението, или четири милиони луѓе, во текот на 2020 година.

Коментирајќи ги резултатите, професорите од Царскиот колеџ во Лондон, Розмари Бојтон и Ден Алтман, изјавија дека резултатите покажале посиромашна заштита и биле позагрижувачки отколку што биле откриени во претходните истражувања.

Овие податоци потврдуваат, ако воопшто, дека не можеме да ги исполниме очекувањата за стекнување на заштитен имунитет од коронавирус преку природна инфекција и дека трајно решение е глобална програма за вакцинација со високо ефективни вакцини, велат авторите во статијата поврзана со ова студија., исто така објавена во истото списание

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина7 часа

Пијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив

На Балканот, каде тврдокорноста е дел од секојдневието, ракијата не е само пијалок што ја придружува добрата трпеза и веселите...

Кичево8 часа

Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда

СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во...

Временска прогноза8 часа

Попоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани

Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или...

Култура8 часа

Денеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават

Денес, на 31 октомври, ја одбележуваме славата на Светиот апостол и евангелист Лука, заштитникот на лекарите и еден од најпочитуваните...

Скопје9 часа

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот

На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за петок (31 октомври)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Кичево1 ден

Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид

Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба...

Кичево1 ден

„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“

Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со...

Фото: Imad 786 @ unsplash Фото: Imad 786 @ unsplash
Lifestyle1 ден

Совршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда

Кајганата со кремаста текстура е еден од најбрзите и највкусни оброци што можете да ги подготвите — идеален избор за...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин1 ден

YouTube воведува револуционерна AI функција – старите видеа сега изгледаат како нови

YouTube го претстави најголемото визуелно подобрување досега – нова функција со вештачка интелигенција што автоматски ја зголемува резолуцијата на старите...

НАЈЧИТАНИ