Македонија
Ковид-19 состојба денес: Регистрирани нови 642 случаи, додека починати се 25 лица
Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1, информира министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се 524 оздравени пациенти од:
Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-668, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-357, Биотек-333, Систина-324, лабораторија Лаор–410, Синлаб-32, Ремедика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 287.
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија
АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.
Имајте пријатен ден.
Македонија
Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел куќата на Јане Благадушоски, домаќин човек со добра душа. Преку нашиот медиум упатуваме апел до сите кои можат да помогнат финансиски оваа куќа да се возобнови за да може Јане да продолжи безгрижно да живее.
Т-ска сметка: 270700006540756
Банка: Халк Банка
Име и презиме: Јане Благадушоски
с.Воѓани / ул. Најдо Најдоски бр. 149
Да бидеме хумани, затоа што животот е непредвидлив, може секого да го доведе до искушение.
Со почит до сите.
Број за контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево17 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура22 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија12 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп9 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин21 часГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
