Мобилни уреди
Казна за „Apple“ од 2 милиони долари за недостасување полначи во кутиите

Претставувајќи ја серијата iPhone 12 минатата година, Apple непријатно изненади многу корисници со одлуката да ги отстранат полначите и слушалките од пакувањето. Додека тие го оправдаа тоа од еколошки причини, не е ни чудо што повеќето луѓе не го гледаат ова како оправдан потег, а Бразилците отидоа чекор подалеку.
Бразилската агенција за заштита на потрошувачи во Сао Паоло (Procon-SP) неодамна го казни Apple со 2 милиони долари за недоставување полначи во кутии. Според организацијата, „Епл учествувал во лажно рекламирање и продажба на уреди без полначи под нефер услови“.
На крајот на минатата година, „Apple“ навистина објави дека нивните уреди ќе доаѓаат без полнач, меѓутоа, кога од Procon-SP беа прашани дали тоа значи дека телефоните ќе бидат поевтини, тие не добија никаков одговор, пренесува 9to5Mac портал.
Тие исто така го обвинија „Apple“ дека не обезбедува доволно квалитетна поддршка за корисниците „кои имаа проблеми по ажурирањето на софтверот“ и тие тврдат дека американската компанија мора да ги почитува регулативите и законите, како што прават сите други компании.
ФОТО: Pexels
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
Магазин
Крај на ажурирањата за Android: Кои Xiaomi, Redmi и Poco телефони ја губат поддршката?

Септември 2025 година ќе биде последниот месец кога дел од телефоните на Xiaomi, Redmi и Poco ќе добијат големо софтверско ажурирање. По тоа, овие уреди ќе останат без поддршка за нови верзии на Android и нови функции.
Кои промени доаѓаат?
-
Ажурирањето ќе вклучи Android 15 заедно со новиот интерфејс Xiaomi HyperOS 3.
-
Поддршката завршува по септември 2025 – уредите нема да ја добијат верзијата Android 16 и сите идни надградби.
-
Ограничувања за корисниците – телефоните ќе останат функционални, но ќе бидат без нови функции, подобрувања на перформансите и најважно – без идни безбедносни закрпи.
Зошто е донесена оваа одлука?
-
Според германскиот весник „Билд“, компанијата Xiaomi решила да ја прекине поддршката за 31 модел.
-
Со овој потег, производителот ги отстранува од циклусот на ажурирање и некои од своите најпопуларни телефони, што ќе разочара голем број корисници.
Кои модели се засегнати?
На листата се вклучени телефони од сите три главни серии на Xiaomi:
-
Серија Xiaomi: Xiaomi 12, Xiaomi 12 Pro, Xiaomi 12S Ultra, MIX Fold 2
-
Серија Redmi: модели од семејствата Redmi Note 12 и Note 13
-
Серија Poco: Poco F5 Pro, Poco M6 Pro
Во вкупниот список се наоѓаат 31 модел, а овие се само дел од најзабележителните примери.
Што значи ова за корисниците?
-
Ќе добијат уште едно големо ажурирање со Android 15 и HyperOS 3.
-
По тоа, ќе останат без нови верзии на Android и иновативни функции.
-
Со текот на времето, телефоните може да бидат поранливи на безбедносни закани, бидејќи нема да добиваат нови безбедносни закрпи.
Извор: Blic
Мобилни уреди
„Google Maps“ тестира нова функција, достапна само за ограничен број корисници

Најновите извештаи укажуваат дека „Google Maps“ започнува со тестирање на нова функционалност, која во моментов е достапна само за ограничен број корисници.
Станува збор за опцијата „Live Updates“, која им овозможува на корисниците да ја следат навигацијата во реално време дури и кога апликацијата не е активна.
Според „Android Authority“, функцијата е достапна кај мал дел од корисниците со „Android 16“ во рамките на бета верзијата „QPR2“. Целта е важните информации, како што се времето до следната кривина или проценетото време на пристигнување, секогаш да бидат видливи на екран.
📍Google Maps is starting to roll out Live Updates for some Android 16 users
Maps is switching to the new progress-centric notification style, allowing it to appear as a promoted notification on the status bar, lock screen, and AOD.
Images from Discord users Badmax and… pic.twitter.com/ZZCu7bPAcS
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) September 1, 2025
Извор: Google
-
Кичево20 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Спорт2 дена
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Македонија17 часа
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици