Следете не

Спорт

Ангеловски: „Ова се моите јунаци, одиме силно на Европско“ – Швајнштајгер: „Моја почит за Македонија, недосуден чист пенал за нив, сепак заслужена победа!“

Објавено пред

на

„Овие момци уште еднаш ја направија горда цела Македонија. Го победивме четирикратниот светски шампион, кој веќе 20 години не е поразен во квалификациите за СП! Кој ќе ја крши традицијата ако не овие наши спортски херои. Радувај се, Македонија и слави ги овие херои “, беше еуфоричен селекторот Ангеловски по триумфот среде Германија.

За капитенот Пандев нема што посебно да се коментира, тој е одличен фудбалер и лидер. Во ноември 2020 година, со гол против Грузија, ја однесе Македонија на Европското првенство, а четири месеци подоцна, со погодок на крајот на првото полувреме, им вдиши надеж и верба на соиграчите дека можат да ја соборат големата Германија. Верата е ставена во дело, затоа вечерва Македонците слават една од поголемите победи во поновата историја.

Горан Пандев за медиумите додаде дека чуда во фудбалот се можни, а ние постигнавме едно на теренот. Ги поздравувам и луѓето кои не критикуваа, не попречуваа, кои не веруваа – ова е нивна победа. Нема да има промени во овој тим, тие се мои херои и со нив ќе одам на Европското првенство. Сега сите ќе бидат сфатени многу посериозно “.

По три круга, Македонија има шест бода и барем ја истакна својата кандидатура за висок пласман, барем на второто место што гарантира бараж. Ситуацијата е комплицирана од максималните девет бода на Ерменија, но вечерва нашето соседство ќе зборува исклучиво за историската победа.

Ангеловски не ја пропушти можноста да посочи кон што ќе се стремат неговите момчиња следниот период, а тоа е добро познатото европско!

– „Целта е да се помине групата на Еврото. Овие момци можат да го направат тоа. Но, сега треба уште малку да се спуштиме на земјата. Се вклучивме во борбата за Светското првенство и тоа е најважно во моментов “, заклучи македонскиот селектор.

Што се однесува до меѓународната сцена, прв кој се огласи е големиот Бастијан Швајнштајгер кој напиша:

Мојата почит оди кон селекцијата на Македонија. Несреќен пенал против нив, недосуден пенал за нив и овие момци успеаа да го поразат на гости четирикратниот светски првак

ФИФА: „Енис Барди блескаше, 37-годишниот Гордан Пандев и 21-годишниот Елиф Елмас ги постигнаа головите, а Македонија го направи шокот во досегашниот тек на европските квалификации за СП и несомнено најдобриот резултат во својата историја во Германија. Каква ноќ да се биде Македонец!“, твитна ФИФА, бркнувајќи им директно в око на негаторите на македонскиот национален идентитет.

 

Спорт

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.

Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.

Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Harlie Raethel

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката Балатон Парк. Маркез ја помина целната линија со време од 42:37,68, обезбедувајќи ја својата 98-ма победа во кариерата во сите класи на Мото ГП шампионатот. Овој триумф во Унгарија воедно е и негов десетти во тековната сезона во „кралската класа“.

На второто место заврши Педро Акоста, исто така од Шпанија, кој вози за тимот на Ред Бул, со заостанување од 4,314 секунди зад Маркез. Италијанецот Марко Бечеки, возач на Априлија, се пласираше трет, со заостаток од 7,488 секунди.

Во генералниот пласман, Марк Маркез води убедливо со 455 поени, пред неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг, кој има освоено 280 поени.

Следната трка од календарот на Мото ГП ќе се одржи на 7 септември, кога ќе се вози Големата награда на Каталонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nav _eex

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.

Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.

Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка...

Македонија6 часа

МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на...

Автомобили7 часа

РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија8 часа

Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле...

Автомобили9 часа

Рекорден број автомобили во Германија – нови податоци за моторизацијата

На почетокот на годината, Германија забележа рекорден број на регистрирани патнички автомобили. Според податоците на германскиот завод за статистика Destatis,...

Спорт10 часа

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските...

Кичево11 часа

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на...

На денешен ден12 часа

Времеплов: На денешен ден (25 август)

1530 – Роден е рускиот цар Иван IV Василевич, познат како Иван Грозни. Тој го добил прекарот поради суровоста со...

Хороскоп21 час

Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Спорт22 часа

Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката...

НАЈЧИТАНИ