Македонија
Пикот коси, денес 35 починати, две лица се од Кичево, додека 734 се новозаболени

Во последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, а регистрирани се 734 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 313
-Битола 75
-Куманово 46
-Прилеп 38
-Тетово 36
-Велес 34
-Гостивар 26
-Охрид 24
-Струмица 22
-Кавадарци 19
-Штип 17
-Кочани 14
-Гевгелија и Виница по 10
-Кичево и Неготино по 9
-Ресен 8
-Берово 4
-Радовиш, Делчево и Валандово по 3
-Свети Николе, Богданци и Дојран по 2
-Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 12 од Скопје ( 87г , 84г , 81г , 80г ,77г , 75г , 74г , 72г , 72г , 70г , 70г , 61г ) , 6 од Битола ( 88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г) , 4 од Охрид ( 78г, 75г, 73г и 28г ), – по 2 од Гевгелија (75г и 64г) , Куманово (73г и 60г) , Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) и – по 1 починат од Гостивар (77г) , Кочани (79г) , Виница (72г) , Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 621 оздравени пациенти од:
-Скопје 330
-Кавадарци 40
-Велес 37
-Тетово 29
-Штип 25
-Неготино 21
-Гостивар 19
-Битола 18
-Гевгелија по 14
-Куманово и Кочани по 13
-Демир Капија 10
-Пробиштип и Кичево по 9
-Свети Николе 8
-Берово 7
-Пехчево 6
-Ресен 4
-Богданци 3
-Прилеп и Кратово по 2
-Виница и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Кичево10 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија1 ден
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Спорт56 минути
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија3 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија