Временска прогноза
Од вечерва голем пад на температурите

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, додека кон крајот на денов и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса од север врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во западните и југозападните предели.
Ќе дува умерен ветер од западен правец кој повремено ќе засилува, додека Долж Повардарието истиот ќе биде од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Потоа од утре во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето, но ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени.
Максималните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст.
НАПОМЕНА: Поради очекуваните врнежи од снег во текот на ноќта во западните и југозападните предели, ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на повисоките места и на планините. Тенка снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
– Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Можна е и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде се движат, особено да обратат внимание на своите автомобили, тоа значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.
И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).
Утре (сабота 23 август) температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре (сабота 23 август) тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец.
– Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.
Поради јужното и југозападното воздушно струење, во петок (22 август) над Македонија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.
За време на викендот (сабота и недела 23/24 август) поради продор на посвежа воздушна маса од север температурите позначително ќе се намалат а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Исто така за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, истакна Славчо Попоски.
-
Кичево1 ден
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија2 дена
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (24 август)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника1 ден
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle1 ден
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт1 ден
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови