Македонија
Што мислат македонците за летните одмори и покрај пандемијата од Ковид-19?
Кризата со пандемијата од Ковид 19 трае
веќе цела година. Многу од навиките на граѓаните и начинот на живот драстично се променија, но кога станува збор за туризам и патување, потребите и желбите за тоа кај огромен процент од граѓаните останаа исти.
– Високи 72,5% и покрај сите случувања изминатиов период, сепак имаат желба и потреба и ако дозволат условите ќе одат на одмор.
Нашите пријатели од најголемата facebook туристичка група во Македонија “Патувања низ Македонија” направија анкета за тоа што мислат македонските граѓани за нивните годишни одмори претстојнава летна сезона, дали ќе патуваат и каде?
Во периодот од 2 до 10 април гласале вкупно 1.565 членови на оваа група. Резултатите од анкетата се следни:
📌 Високи 38,5% со нетрпение очекуваат да се отворат границите за Македонија и летните одмори да ги поминат на море.
Некои со потврда за вакцина, други со негативни ПЦР тестови, трети со потврда дека имаат прележано вирусот и имаат антитела, ќе ги искористат сите механизми на располагање и ќе уживаат на морските брегови.
📌 29% од испитаниците се изјасниле дека годишните одмори оваа летна сезона ќе ги поминат во туристичките центри во Македонија. Причините за изборот на Македонија како дестинација за одмор се повеќе. Дел поради тоа што сметаат дека не е соодветно време да се патува надвор од земјава, други поради тоа што се верни и го поддржуваат македонскиот туризам, трети пак поради оној финансискиот аспект т.е да поминат со некоја поевтина варијанта.
📌 5% од македонските граѓани се изјасниле дека ќе прават комбинација од одморот, ќе патуваат и во туристичките центри во Македонија, но и надвор.
Така, 2,6% се изјасниле дека ќе летуваат во Македонија, но и еден викенд би заминале на море.
2,4% одморот ќе го поминат надвор од Македонија, но еден викенд би искористиле и во македонските туристички центри.
📌 27,5% од испитаниците се изјасниле дека сепак нема да одат на одмор никаде. Еден дел од нив поради егзистенцијални причини, дел поради ситуацијата со пандемијата, и дека сѐ уште не е време за патување.
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт1 денФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Култура11 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Магазин1 денВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
