Следете не

Македонија

Денес 766 нови и 31 починат како последица на Ковид-19 во земјава

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од:

Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.

Македонија

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Објавено пред

на

ФОТО: СОЗР

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса [email protected], како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.

За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со специјалните регистарски таблици, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните возила.

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, денеска ја посети Општина Гази Баба која е првата скопска општина која веќе комплетно изврши замена на таблиците на служените возила, а процедурата, како што посочи Томовски, е при крај во речиси сите општини, како и во повеќето државни институции. Томовски информираше дека до овој момент, над 500 службени возила низ земјава веќе се со новите таблици, а голем дел се во постапка и очекува таа да биде завршена во наредниве две недели до кога е и рокот за унифицирање на возилата со специјалните таблици.

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за злоупотреби. Ние ќе ги препраќаме до надлежната институција, за да се пристапи кон истражување и потврдување на евентуална злоупотреба и преземање на соодветни казни”, изјави Томовски кој истовремено ги повика сите институции да направат рационализација на возниот парк.

„Кога ја презедов функцијата, веднаш ставивме GPS-уреди на сите возила. Тоа беше првиот чекор. Сега, со новите таблици, комплетно се спречува користење на службените возила за приватни цели. Јас лично користам приватно возило и сметам дека транспарентноста и одговорното управување со јавните ресурси мора да бидат приоритет,” изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

/ПР (СОЗР)

Прочитај повеќе...

Македонија

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Објавено пред

на

©porta.mk

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста на институциите преку нивното активно објавување на информации од јавен интерес.

Во анализата се опфатени вкупно 102 институции, меѓу кои Владата, сите министерства и општините.

Особено се издвојува Министерството за одбрана, кое веќе пет години по ред го задржува врвниот резултат од 100% активна транспарентност.

Извор: Центар за граѓански комуникации | ccc.org.mk

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Извор: РКЕ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија9 часа

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија10 часа

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин12 часа

iOS 26 е тука! 10 големи нови функции и три модели на iPhone без поддршка

Apple го објави iOS 26, првиот оперативен систем чиј број во името е усогласен со годината на издавање. Најновата верзија...

Скопје13 часа

(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, објави видео-снимка на која се гледа моментот кога е подметнат пожарот во сервисот за автомобили...

Свет13 часа

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во...

Временска прогноза15 часа

По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за вторник (16 септември)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Македонија1 ден

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје1 ден

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина1 ден

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

НАЈЧИТАНИ