Спорт
Задолжителен ПЦР тест пред секој натпревар за фудбалерите од МФЛ, трошоците за тестови ќе ги покрие ФФМ
Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва и Втора МФЛ, а по добиената одлука од Владата на Република Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК дека 30 екипи од Прва МФЛ и Втора МФЛ – Исток и Запад (со исклучок на ФК Кадино – слободен во 24. коло), заедно со службените лица на натпреварите пред одигрување на претстојното 29. коло во Прва МФЛ и 24. коло во Втора МФЛ – Исток и Запад ќе направат ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје во организација на ФФМ. ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб).
Секоја екипа треба задолжително да ја пополни табелата.docx со точни податоци: Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ и функција (фудбалер или член на стручен штаб, комет администратор на клуб задолжително) на лицето од вашиот клуб кое се тестира и задолжително лице за контакт од клуб и адреса каде ќе биде извршено тестирањето (БИОТЕК доаѓа по договор на утврдена локација) за контакт на релација помеѓу клуб и лабораторија БИОТЕК.
Пополнетата табела со наслов во меилот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО, денеска, 21 април (среда) 2021. година до 20:00 часот да ја испратите по следниов редослед на овие e-мaил адреси: [email protected], [email protected] , [email protected],
Тестирањето ќе се врши во деновите 22 април (четврток) и 23 април (петок) 2021 година по договор меѓу вашите контакт лица и контакт лицето на БИОТЕК лабораторија
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево3 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
