Спорт
Квалификации за Светски Куп за жени: Македонија во група со Англија, Австрија, С. Ирска, Летонија и Луксембург

Европските квалификации за Светскиот ФИФА куп за жени во 2023 година започнуваат до крајот на годината во девет квалификациски групи.
Во квалификациите за Светскиот куп ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи од шест тимови, три групи од пет селекции, а натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.
Македонската женска репрезентација е во групата Д со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.
Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд
Второпласираните во групите учествуваат во плеј-оф кои ќе се игра во октомври 2022 година.
Група А: Шведска, Финска, Република Ирска, Словачка, Грузија
Група Б: Шпанија, Шкотска, Украина, Унгарија, Фарски Острови
Група Ц: Холандија, Исланд, Чешка, Белорусија, Кипар
Група Д: Англија, Австрија, Северна Ирска, Македонија, Летонија, Луксембург
Група Е: Данска, Русија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Малта, Црна Гора
Група Ф: Норвешка, Белгија, Полска, Албанија, Косово, Ерменија
Група Г: Италија, Швајцарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Литванија
Група Х: Германија, Португалија, Србија, Израел, Турција, Бугарија
Група И: Франција, Велс, Словенија, Грција, Казахстан, Естонија
Квалификациска групна фаза:
13 – 21 септември 2021 година
18 – 26 октомври 2021 година
22 – 30 ноември 2021 година
4 – 12 април 2022 година
29 август – 6 септември 2022 година
Плеј-оф:
3 – 11 октомври 2022 година
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
Спорт
Офанзивецот на „црвените ѓаволи“ на чекор до шпански Бетис

Бразилскиот офанзивец на Манчестер Јунајтед, Антони, се наоѓа на чекор до повторно приклучување во редовите на Бетис, откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу надоместокот за трансферот.
Според информациите на „Атлетик“, англискиот клуб ќе инкасира 25 милиони евра од продажбата, а ќе задржи и 50% од евентуалната негова идна препродажба.
Со ова решение е надмината клучната пречка – андалузискиот тим немаше финансиска моќ да понуди повеќе, но доколку Антони повторно заблеска во зелено-белиот дрес, Јунајтед може да оствари дополнителна заработка.
Антони пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година од Ајакс за 95 милиони евра, каде повторно соработуваше со својот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, тешкотиите со адаптацијата и ограничената минутажа, дополнети со недоразбирањата со новиот стратег Рубен Аморим, доведоа до тоа неговото заминување да стане неизбежно.
Минатата пролет 25-годишникот настапуваше како позајмен играч во Бетис и остави одличен впечаток – на 26 средби постигна 9 погодоци и запиша 5 асистенции. Од тој момент клубот од Севилја постојано настојува да го врати во своите редови, но Јунајтед инсистираше на повисока сума.
Сега, откако не е дел од плановите на Аморим, постигнат е компромис и Бразилецот ќе се врати на „Бенито Виљамарин“.
Во меѓувреме, Бетис ја започна новата сезона во Ла Лига со осум бодови по првите четири натпревари и по паузата за репрезентативни настапи го очекува гостување кај Леванте.
Извор: thesun
Спорт
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија

Кошаркарската селекција на Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја Литванија со убедливи 107:88 во рамки на третото коло од групата Б.
Главна фигура на натпреварот беше Денис Шредер, кој блескаше со 26 поени и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Франц Вагнер со 24 поени и 7 скока. Даниел Тајс имаше беспрекорно издание – постигна 23 поени со шут 9/9 од игра. На спротивната страна, Рокас Јокубаитис беше најефикасен за Литванија со 20 поени, додека Јонас Валанчиунас придонесе со 14.
Сепак, дуелот не мина без сенка. За време на паузата на полувремето, дел од литванските навивачи се однесуваа расистички кон темнокожите играчи на германската репрезентација.
🇩🇪 Dennis Schroder revealed that he was the target of “monkey noises” during the game against Lithuania!
Racism has no place in sports or in real life ✊🏿 pic.twitter.com/ARwFIKqCe5
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 30, 2025
– „Навистина е разочарувачки – се слушаа непристојни звуци од трибините. Тоа нема место ниту во кошарката, ниту во било кој спорт,“ изјави Шредер за МагентаСпорт по натпреварот. Тој додаде дека некои навивачи биле отстранети од арената, а ваквите инциденти спореди со ситуациите што ги доживува Винисиус Жуниор во фудбалот.
Неговиот соиграч Исак Бонга рече дека не ги забележал навредите бидејќи бил фокусиран на играта, додека помошниот тренер Алан Ибрахимагиќ потврди дека во соблекувалната немало дискусија на оваа тема.
Со овој триумф, Германија останува непоразена и го зацврстува првото место во групата, додека Литванија падна на скор од две победи и еден пораз
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево20 часа
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп15 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Скопје2 дена
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Спорт2 дена
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар