Македонија
Денеска 234 нови случаи, починати се 25 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 83
-Куманово 27
-Битола 16
-Тетово 14
-Струмица 13
-Штип и Виница по 9
-Кичево 7
-Прилеп и Велес по 6
-Гостивар, Струга и Кочани по 5
-Охрид 4
-Радовиш, Крушево и Демир Хисар по 3
-Пробиштип, Богданци и Демир Капија по 2
-Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево по 1
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46г,60г,64г,65г,67г, 67г, 70г,71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.
Регистрирани се 786 оздравени пациенти од:
-Скопје 348
-Куманово 61
-Тетово 47
-Прилеп 43
-Битола 38
-Кавадарци 37
-Велес 32
-Неготино 25
-Гостивар 20
-Штип 18
-Струмица и Кичево по 17
-Гевгелија 16
-Охрид 13
-Кочани и Ресен по 9
-Богданци 5
-Виница 4
-Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево по 3
-Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод по 2
-Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по 1
Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза5 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево22 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија12 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон