Македонија
СВР Охрид: Вршел јавувања по семејства и лажел за случена несреќа, апел до граѓани да не потпаѓаат под влијание!
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста. Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка.
Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица.
Извор: СВР Охрид
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
Македонија
Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење. Овој ден, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Нека е честит и вековит празникот на Македонската Револуционерна Организација.
/petrovec (архива)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Кичево4 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Временска прогноза1 денПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија5 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија4 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
