Кичево
Во акциска контрола вчера, казнети 23 возачи од Кичево кои пречекориле брзина на возење

Вчера на 17.05.2021 година во времето од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се акциски сообраќајни контроли при што, регистрирани и санкционирани се 71 возачи на патнички автомобили кои, во населено и надвор од населено место, ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-22, Кичево-23, Дебар-13). Истовремено, евидентирани се 14 прекршоци сторени од моторциклисти (Охрид-06, Струга-03, Кичево-05).
Целта на контролите е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Извор: СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Македонија1 ден
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт23 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили21 час
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот