Спорт
Денеска во 19:00 часот се игра големото финале на „Купот на Македонија“ помеѓу Академија Пандев и Силекс

Фудбалерите на Академија Пандев и Силекс денеска со почеток од 19:00 часот ќе ги одмерат силите во финалето од Купот на Македонија. Натпреварот меѓу овие две екипи ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески”.
Тренерот на Академија Пандев, Александар Васовски вели дека неговите фудбалери се максимално фокусирани и подготвени за овој натпревар, очекува добра игра од своите фудбалери и освојување на пехарот.
„ Одлично сме подготвени за овој натпревар, се надевам дека и втора година по ред Академија Пандев ќе биде тимот што ќе го освои трофејот. Тоа е наша цел. Шансите се подеднакви за двете екипи. Очекувам да се претставиме во добро светло, се надевам на добра игра и победа.
Фудбалерот на Академија Пандев, Ѓорѓи Стоилов се надева на победа и освојување на пехарот.
„ Играме против противник кој заслужува почит. Ја анализиравме играта на Силекс, подготвени сме за овој предизвик, и се надевам дека повторно ќе се радуваме на победа и освојување на трофеј во купот.
Тренерот на Силекс, Горан Симов вели дека е време по 24 години пауза, пехарот да се врати во Кратово.
„ Се надевам дека по пауза од 24 години, ќе успееме да го освоиме трофејот. Шансите и на двете екипи се подеднакви, во прашање е еден натпревар и се е можно. Добро го анализиравме противникот и подготвени сме за ова финале.
Капитенот на Силекс, Ангелчо Тимовски се надева дека победникот на овој меч ќе биде решен во регуларниот дел.
„Финалето е посебна инспирација и мислам дека и двата тима имаат еднакви шанси. Лично, посакувам финалната пресметка да се реши пред евентуално изведување пенали”.
Спорт
Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.
Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.
– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.
Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com
Спорт
Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.
Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.
Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.
Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net
Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
-
Кичево19 часа
За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење
-
Кичево14 часа
На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија24 часа
Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (16 август)
-
Временска прогноза1 ден
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?
-
Македонија2 дена
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Култура23 часа
Денес се празнува „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.