Македонија
Денес повторно висока бројка на починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19 во:
• Скопје – 26
• Радовиш – 9
• Куманово и Кратово – по 6
• Прилеп – 5
• Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4
• Неготино и Делчево – по 3
• Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2
• Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г,71г,76г,79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г,70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г).
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од:
• Скопје – 91
• Прилеп – 25
• Охрид – 14
• Куманово – 12
• Битола – 10
• Велес – 7
• Струга и Кавадарци – по 6
• Штип и Гевгелија – по 4
• Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3
• Струмица и Берово – по 2
• Тетово и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Македонија1 ден
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт22 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје2 дена
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили20 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот