Кичево
Жител на с.Попоец каснат од куче, додека БПС сопреле лица со дрога

На 25.05.2021 година, Р.С.(66) од кичевското село Попоец, во надлежната полициска станица пријави дека, на 21.05.2021 година, во близина на железничката станица во Кичево, бил каснат од куче скитник.
На 25.05.2021 во 22.00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Кичево, ги приведоа и од слобода ги лишија Г.Н.(26) од Велес и М.С.(32) од Скопје. При преглед во возилото „Ауди“ во кое се превезувале и при нивен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Портпарол: Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
Кичево
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз

Предмалку во близина на кичевското с.Зајас на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, каде според неофицијални информации, тешко товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловоз.
Подетални информации за здравјето на возачот или евентуално други учесници во сообраќајката немаме.
Увид на лице место напавила екипа од ОВР Кичево, додека за време на увидот на сообраќајната делница се создал сообраќаен метеж.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен на СВР Охрид.
-
Кичево4 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп23 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Македонија13 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар
-
Мобилни уреди1 ден
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите