Спорт
Сејдини: Не влијаев во дизајнот на новиот дрес, но секако го слушаме мислењето на народот и ќе играме со старите црвено-жолти дресови
Драги навивачи на македонската репрезентација, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.
Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.
Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање.
За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.
Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.
Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.
Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.
Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.
Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб – стои во официјалниот натпис на првиот човек на ФФМ, г-дин Муамед Сејдини на социјалните мрежи.
#НапредМакедонија
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Кичево2 денаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт2 денаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп14 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура1 денУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза22 часаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин2 денаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
-
Магазин1 часInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
