Кичево
ДПИ вчера изврши 35 контроли врз кичевски локали
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, во координација со Државниот пазарен инспекторат во Кичево извршени се 35 контроли во угостителски и други објекти. Истовремено, во Кичево регистрирано е едно лице кое го прекршило полицискиот час. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(43) од Охрид.
Притоа минатиот месец на 25.05.2021 година во 01.10 часот, полициски службеници кај „Осломешка раскрсница“ сопреле патнички автомобил „Рено Меган“ што пријавениот го управувал. Притоа констатирале дека не поседува соодветна дозвола за движење, со што не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението од 24 до 04 часот заради спречување на ширење на Коронавирус
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Хороскоп8 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Магазин2 денаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин2 денаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин2 денаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин2 денаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден21 часСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle21 часКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
