Следете не

Занимливости

Потпишан законот за прогласување 10 јули за „Ден на Никола Тесла“ во Онтарио

Објавено пред

на

Претставникот на кралицата Елизабета и заменик канадскиот гувернер за провинцијата Онтарио, Елизабет Даудсвел, го потпишаа законот за прогласување на 10 јули за Ден на Никола Тесла, што го донесе на сила, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.

Како што понатаму се наведува во соопштението, најзаслужен за овој исклучително важен настан е членот на покраинскиот парламент на Онтарио од редовите на Новата демократска партија, Том Ракошевиќ, по чија иницијатива беше изгласан законот.

Во законот со кој роденденот на Никола Тесла стана празник во Онтарио, експлицитно стои дека Тесла е „српско-американски пронаоѓач и инженер“.

Законот потсетува дека патентите на Тесла биле основа за изградба на првата хидроцентрала во светот на реката Нијагара, и дека по само 25 години, сите населени места во Јужен Онтарио имале пристап до електрична енергија.

Во соопштението се вели и дека прогласувањето на Денот на Никола Тесла во Онтарио е голем успех за српската дијаспора во Канада, која е најбројна во таа провинција, бидејќи на овој начин се крева угледот на српската заедница во таа област.

Генералниот конзул на Република Србија во Торонто, Василије Петковиќ, му се заблагодари на пратеникот во Парламентот на Онтарио, Том Ракошевиќ, за иницијативата, како и на покраинскиот парламент на Онтарио за брзо спроведената постапка за усвојување на нацрт-законот.

Генералниот конзулат на Република Србија во Торонто со своите активности помогна во реализацијата на проектот за прогласување на Денот на Никола Тесла на ниво на Онтарио.

Извор: n1info.com

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза46 минути

Ладно на утро со температури под нулата

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (12 декември)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Кичево19 часа

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

Спорт19 часа

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle22 часа

Без оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот

Затнат одвод полн со маснотии? Постојно клокотење и вода што не се исцедува? Постојно се препорачува сода бикарбона и оцет,...

Фото: roya ann miller @ unsplash Фото: roya ann miller @ unsplash
Lifestyle22 часа

Луѓето научиле да користат оган многу порано отколку што се мислеше

Археолозите открија најрани докази за намерно палење оган во Барнам, Сафолк (источна Англија), стари околу 400.000 години, што значително ја...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Автомобили22 часа

Како безбедно да возите во магла: Најважните правила и грешки што мора да ги избегнувате

Возењето во магла е едно од најопасните искуства на патиштата. Намалената видливост, лизгавиот коловоз и непредвидливото однесување на другите возачи...

Фото: Onur Binay @ unsplash Фото: Onur Binay @ unsplash
Магазин22 часа

Грешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот

Правилното полнење на паметниот телефон може значително да го продолжи животниот век на батеријата, да ја подобри издржливоста и да...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин22 часа

ChatGPT ќе се интегрира со Apple Health: Што значи тоа за корисниците?

ChatGPT наскоро би можел да стане дел од екосистемот на Apple Health, носејќи понапредни можности за анализа на здравствени податоци...

Македонија24 часа

МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025...

НАЈЧИТАНИ