Спорт
По првите 45 минути Украина води против Македонија 2:0, но фудбалот се игра 90 минути, одиме до крај!

Селекцијата на Украина по 33 минути игра има убедлива предност против Македонија со 2:0 по првите 45 минути игра. Инаку Украина поведе во мечот со Македонија со 1:0 кој се игра во рамки на 2. коло од групата Ц на ЕП 2020.
Во 28 минута преку Јармоленко Украина имаше одлична шанса, но Димитриевски интервенираше, така што по корнерот истиот играч остана сам на втора статива и ја затресе нашата мрежа за предност на Украина од 1:0.
Се играше 33 минута кога Јермечук избега една офсајд замка на нашите и реализираше за 2:0.
Пред истекот на првото полувреме голгетерот Пандев постигна гол, но за жал од офсајт позиција!
Одиме до крај, фудбалот се игра 90 минути!
ВИДЕО: Спортманија.мк
ФОТО: Twitter/EURO2020
Спорт
Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4 септември и со Лихтенштајн на 7 септември. Селекторот и тимот најавуваат максимална посветеност и целосна концентрација за да обезбедат добри резултати на овие пресудни средби.
Ова се повиканите фудбалери избраници од Милевски за претстојните мечеви, а ги соопшти Фудбалската федерација на Македонија:
Голмани:
- Столе Димитриевски
- Дејан Илиев
- Дамјан Шишковски
- Игор Алексовски
Одбрана:
- Дарко Велковски
- Езѓан Алиоски
- Никола Серафимов
- Андреј Стојчевски
- Висар Муслиу
- Бојан Илиевски
- Гоко Зајков
- Стефан Деспотовски
Среден ред:
- Енис Барди (капитен)
- Јани Атанасов
- Елиф Елмас
- Исник Алими
- Лука Станковски
- Тихомир Костадинов
- Решат Рамадани
Напад:
- Бојан Миовски
- Милан Ристовски
- Дарко Чурлинов
- Александар Трајковски
- Лирим Камили
- Елмин Растодер
- Димитар Митровски
Селектор:
- Благоја Милевски ✅
Спорт
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија

Колумбиецот Давид Алонсо (CFMOTO Inde Aspar Team) стана првиот возач од својата земја што победил во Moto2, откако триумфираше на Големата награда на Michelin во Унгарија. Со извонреден финиш, тој ги надмина главните конкуренти за титулата, Диого Мореира (Italtrans Racing Team) и Мануел Гонзалез (LIQUI MOLY Dynavolt Intact GP), во трилер-завршница на Балатон Парк.
Алонсо влезе во завршните кругови со најсилно темпо, минувајќи го Гонзалез во претпоследниот круг, а потоа со маестрална одбрана ја задржа предноста до целта. Мореира заврши втор и со тоа за првпат во историјата Moto2 забележа јужноамериканско 1-2, додека Гонзалез мораше да се задоволи со третото место.
Зад нив, Џејк Диксон финишираше четврти, а Холанѓанецот Колин Вејер со петтото место го постигна својот најдобар резултат досега. Голем удар претрпе Арон Канет, кој заврши шести и изгуби важни поени во шампионската битка.
Историскиот триумф на Алонсо го најавува пристигнувањето на нова генерација во Moto2, бидејќи пет дебитанти завршија меѓу првите десет во Унгарија.
Спорт
Анчелоти на квалификациските дуели за СП против Чиле и Боливија без ѕвездите Нејмар и Винисиус Жуниор

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави финалниот список на „Кариоките“ за септемвриските квалификациски дуели за Светското првенство – против Чиле и Боливија. Она што веднаш привлече внимание е изненадувачкото отсуство на две големи ѕвезди – Нејмар и Винисиус Жуниор.
Фудбалерот кој на почетокот на годината се врати во Сантос и натаму се мачи со повреди. Веќе скоро две сезони неговата форма е далеку од стабилна, а минатата недела имал нов проблем со бутниот мускул.
– „Нејмар имаше мала непријатност. Најважно е да ја врати натпреварувачката кондиција. Нема потреба да го тестираме – сите добро знаат кој е Нејмар“, објасни Анчелоти.
За разлика од Нејмар, изоставувањето на Винисиус не е поради повреда. Овој пат комбинација од дисциплинска казна и исцрпувачко патување до Ла Паз го натераа селекторот да му даде одмор.
CONVOCADOS! ✅
O mister Carlo Ancelotti divulgou a lista dos jogadores convocados para os jogos nos dias 4 e 9 de setembro contra Chile, no Maracanã, e Bolívia, em El Alto.
ISSO É BRASIL! 🇧🇷 pic.twitter.com/2CC0oDTypL
— brasil (@CBF_Futebol) August 25, 2025
Позитивна вест за Бразил е враќањето на Лукас Пакета, кој во јули беше целосно ослободен од сомнежите за вмешаност во наместени натпревари. Играчот на Вест Хем последен пат настапи за репрезентацијата во ноември 2024. Повторно место во тимот доби и Жоао Педро од Челзи, кој со одличните игри си обезбеди враќање.
Составот на Бразил за квалификациите:
Голмани:
Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Уго Соуза (Коринтијанс)
Одбрана:
Александро (Лил), Алекс Сандро (Фламенго), Каио Хенрике (Монако), Даглас Сантос (Зенит), Фабрицио Бруно (Крузеиро), Габриел Магалхаес (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Вандерсон (Монако), Весли (Рома)
Среден ред:
Андре Сантос (Челзи), Бруно Гимараеш (Њукасл), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Џоелинтон (Њукасл), Лукас Пакета (Вест Хем)
Напад:
Естевао (Челзи), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Челзи), Каио Хорхе (Крузеиро), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Ричарлисон (Тотенхем)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Временска прогноза12 часа
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (27 август)
-
Македонија2 дена
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Автомобили2 дена
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти
-
Магазин1 ден
Вечерва на градскиот плоштад во Охрид, посетителите ќе уживаат во македонска музика преку музичкиот караван на проектот „Македонијо во срце те носиме“
-
Македонија2 дена
МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар