Следете не

Скопје

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:

КЕЦ Васил Главинов

Индустриска зона Марино, Гранд Експорт, Текспорт,Хавеп, Тосама Трејд, Розенберг, Пламтекс, Метал Солушн, Монмар, зградите на Унија Клуб со околните куќи, зграда ул.534 (Два Брата Градители), КАМ Маркет, Спортската сала, модуларното училиште, градинката, ул. 501, 502, 503, 505, 506, 508, 509, 510, 526, 528, 529, 517, 531, 532, 533, 534, 535, 537 ( Од 07:30 до 15:30 часот )

ул.163 во нас.Крњево, ул.164 во нас. Крњево ( Од 08:00 до 15:00 часот )

КЕЦ Аеродром

ул.Филип Кљајиќ, ул.Малешевска ( Од 09:00 до 12:00 часот )
дел од ул.Нагоричанска, ул.Сердарот ( Од 09:00 до 15:00 часот )

КЕЦ Ѓорче Петров

Дел од ул. Иван Цанкар, Драгутин Аврамовски Гуте и Корушка ( Од 09:00 до 14:00 часот )
ул.Букурешка од број 30 до број 57. ( Од 09:00 до 15:00 часот )

Инфо: Струја

Скопје

Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

Објавено пред

на

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Објавено пред

на

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека  спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.

Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.

Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.

Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

Објавено пред

на

©porta.mk

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.

Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се...

Автомобили3 часа

Фолксваген продаде 1,5 милиони електрични автомобили и најави поевтини модели

Фолксваген постигна нов историски успех во преминот кон електрична мобилност – електричниот автомобил со сериски број 1.500.000 од семејството ID...

Lifestyle3 часа

Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството

Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот...

Lifestyle3 часа

Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна

Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки...

Lifestyle3 часа

Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик

Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки,...

Спорт4 часа

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да...

Автомобили4 часа

Што знаеме за легендарниот „BMW E21“ кој ги освои сите симпатии на експертите и купувачите

Првата BMW Серија 3 (E21), претставена во 1975 година, создаде сосема нова класа на возила и стана најпродаваниот премиум автомобил...

Култура5 часа

Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!

Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу големите празници што ги чествува Православната Црква. Покрај неговото богословско значење, Преображението има и...

Македонија6 часа

(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22)...

На денешен ден7 часа

Времеплов: На денешен ден: 19 август

На денешен ден 19 август, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед на...

НАЈЧИТАНИ