Следете не

Скопје

Денес и утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 24.06 – вторник и утре 25.06.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:

КЕЦ Аеродром (24.06) денес

ЛИСИЧЕ: подулица ул.Тодор Чангов 10, подулица ул.Тодор Чангов 18, подулица ул.Тодор Чангов 11, подулица ул.Тодор Чангов 13, дел од ул.Тодор Чангов парни броеви (31-51) и непарни броеви (54-82), подулица ул.Тодор Чангов 8, подулица ул.Тодор Чангов 14, подулица ул.Тодор Чангов 15. (Од 09:00 до 15:00 часот)

КЕЦ Аеродром (25.06) утре

ЛИСИЧЕ: дел од улица Гаврил Константиновиќ, дел од улица Илија Димовски-Гоче, дел од улица Митре Влаот, дел од улица Димитар Туриманџовски (Од 08:30 до 14:00 часот)
КИСЕЛА ВОДА: ул.Пушкинова бр.4 (Од 09:00 до 14:00 часот)

КЕЦ Васил Главинов

ИЛИНДЕН: Илинден, дел од ул. 8: од спроти Аутосервис MAC-MOTO до Аргоунија, улиците кои се напојуват од ТС Белимбегово 3, дел од ул. 9 до мостот (каналот) – (Од 08:00 до 10:00 часот)

Инфо: Струјa

Скопје

Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

Објавено пред

на

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Објавено пред

на

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека  спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.

Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.

Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.

Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

Објавено пред

на

©porta.mk

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.

Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за четврток (21 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Кичево16 часа

Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно...

Спорт19 часа

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој...

Македонија19 часа

УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи...

Кичево20 часа

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во...

Храна20 часа

Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други...

Магазин20 часа

Серијата Xiaomi 16 носи големи промени и два Pro модели

Премиум серијата паметни телефони на Xiaomi досега секогаш се состоеше од три модели – основен, Pro и Ultra. Првите два...

Магазин20 часа

Кога треба да ги замените HDMI каблите?

HDMI 2.1 носи значителни предности во однос на HDMI 2.0 – поголема брзина, подобар звук и можност за 4K на...

Lifestyle20 часа

Зошто е корисно да испиеме чаша вода веднаш по будењето?

Водата е најважниот извор на живот и сочинува околу 60% од нашето тело. Редовната хидратација е клучна за добро здравје,...

Македонија21 час

(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

НАЈЧИТАНИ