Македонија
При акциска контрола на подрачјето од СВР Охрид, 25 возачи од Кичево управувале со брзина поголема од пропишаната
Вчера на ден 27.06.2021 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски сообраќајни контроли за брзина со која се движат возилата и за прекршоците што ги чинат возачи на мотоцикли. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 48 возачи на моторни возила кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-06, Струга-12, Кичево-25, Дебар-05) и 56 возачи кои надвор од населено место управувале со брзина поголема од пропишаната (Охрид-41, Струга-02, Дебар-13).
Воедно, евидентирани се вкупно 29 прекршоци, сторени од возачи на мотоцикли (Охрид-13, Струга-05, Кичево-08, Дебар-03) на кои им се изречени соодветни санкции.
Извор: МВР / СВР Охрид
ФОТО: МВР
Македонија
Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато
Како дел од работните активности на Министерството за внатрешни работи, заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денес оствари работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато.
Во рамки на посетата, заменик министерот Исени се запозна со тековните активности, со предизвиците со кои се соочуваат службите, како и со начинот на нивно надминување.
На средбата се разговараше и за актуелната безбедносна состојба во регионот, при што беа презентирани најновите трендови на криминалитетот и мерките што се преземаат за негово спречување и навремено откривање.
„Безбедноста и владеењето на правото остануваат врвен приоритет на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата,“ истакна заменик министерот Исени.
Со оваа посета, МВР уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон унапредување на безбедносните стандарди, поддршка на локалните полициски структури и континуирана работа на терен за поголема заштита на граѓаните и јавниот ред и мир, истакна МВР на социјалните мрежи.
Македонија
АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано тешко моторно возило на патот, сообраќајот е во прекин, известува АМСМ.
Македонија
Во недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 28 март 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето за оваа година ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со прекинот на летното сметање, во недела наутро, точно во 03:00 часот, часовниците ќе треба да се вратат еден час наназад, така што времето 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна процедура за прилагодување на сметањето на времето и е во насока на усогласување со стандардите и регулативите што важат во земјите од Европската Унија.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден5 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
