Следете не

Спорт

Кичевски „ФК Напредок“ врши упис на нови членови кои ќе бидат со редовни и професионални спортски тренинзи

Објавено пред

на

Кичевскиот „ФК НАПРЕДОК“ врши уписи на нови членови родени во: 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.
Уписите можат да се извршат во понеделник, среда и петок со предходен контакт со официјалните лица:
Ѓоко Трпески: 070/686-598
Душко Симјаноски: 070/983-826
Иле Ѓорѓиоски: 077/817-595
Клубот нуди:
– Редовни и професионални тренинзи
– Спортска опрема за секое дете
– Можност за напредок во својата кариера
– Можност за приклучување во детска лига
– Месечна членарина 500 денари

Спорт

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Објавено пред

на

©porta.mk

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.

Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.

– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.

Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com

Прочитај повеќе...

Спорт

Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Liam McKay

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.

Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.

Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.

Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net

Прочитај повеќе...

Спорт

Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nathan Wong

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.

Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.

Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија25 минути

Од полноќ нова намалена цена на горивата на малопродажните објекти во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево2 часа

ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч

На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При...

Lifestyle2 часа

Фикусот не ви успева: најчестите грешки и како да ги избегнете

Фикусот е едно од најпопуларните собни растенија – изгледа прекрасно, освежува секоја просторија и создава чувство на природна хармонија. Но,...

Lifestyle2 часа

Три едноставни решенија за ослободување од муви

Со зголемувањето на температурите, мувите стануваат сè почести гости во нашите домови и дворови. Тие се досадни, слетуваат на храната...

Lifestyle3 часа

Ако сакате да изгледате помлади за само 30 дена – воведете ги овие 5 навики

Без скапи препарати, агресивни третмани и нереални ветувања. Овие едноставни навики нема да ви ги избришат годините, но ќе ви...

Автомобили3 часа

Рекордна продажба на електрични возила во Европа

Западна Европа забележа рекорден број на нови регистрации на електрични автомобили во вториот квартал. Речиси 600.000 електрични возила на батерии...

Магазин3 часа

5-те најважни криптовалути што треба да ги знаете (освен Bitcoin и Ethereum)

Постојат неколку криптовалути што вреди да се запознаат, а кои не се ниту Bitcoin ниту Ethereum.За разлика од средината на...

Магазин3 часа

iPhone 17 Air ќе биде поблиску до Pro моделите по перформанси

iPhone 17 Air ќе биде поблиску до Pro моделите по перформанси Apple подготвува големи промени со претстојната iPhone 17 серија,...

Автомобили3 часа

Кои се последиците од возење автомобил со скоро празен резервоар

Возењето со скоро празен резервоар е навика што може сериозно да му наштети на вашиот автомобил. Освен што постои ризик...

Мобилни уреди3 часа

„Samsung Galaxy S25“ водечки мобилен уред на глобалниот пазар на премиум смартфони

Од својата презентација на пазарот на почетокот од годинава, серијата „Samsung Galaxy S25“ се етаблира како водечки играч на глобалниот...

НАЈЧИТАНИ