Македонија
МВР набави 40 нови дрегери до поголема безбедност за граѓаните
Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, продолжуваме со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.
Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година.
Постојаното вложување во сообраќајната полиција и професионалното работење на полициските службеници придонесуваат за континуирано намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Со новата опрема дополнително ја зголемуваме безбедноста на патиштата, а и во наредниот период продолжуваме со сите потребни набавки за да обезбедиме максимални услови за сообраќајната полиција. Како резултат на посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните, минатата 2020 година е година со најмал број на жртви, а од 2017 година наваму бројот на жртви континуирано се намалува.
/МВР
Македонија
Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.
На 05.11.2025 во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна Министерството за внатрешни работи
Македонија
МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.
По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.
Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.
Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.
Македонија
Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 денаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хроника14 часаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Хороскоп12 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Кичево1 денВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Lifestyle24 часаКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Магазин24 часаApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Спорт19 часаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
