Музика
Перо Пандилоски со журка во живо овој петок во ресторан & бар „La Casa“

Овој петок, последен за месец јули, „La Casa“ продолжува најдобриот ритам во градот Кичево, имено одличниот Перо Пандилоски ќе настапи со свирка во живо, старт 21:00 часот – 30 јули.
Резервациите се во тек на тел.бр 076/223-007, додека влезот е слободен.
Бидете дел и не пропуштајте!
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди