Следете не

Свет

Турција се бори со уште 12 активни пожари, последно била спасена Термоцентрала со инсталирана моќност од 630 мегавати

Објавено пред

на

Главните постројки на термоцентралата Кемеркој во областа Милас во провинцијата Мугла не се оштетени од пожарот, изјави во четвртокот турскиот министер за енергија и природни ресурси Фатих Донмез.

Говорејќи во термоцентралата, тој ги негираше шпекулациите дека електраната изгоре или дека емитува зрачење опасно за животната средина и здравјето на луѓето.

Тој нагласи дека сензорите во функција и од мобилните станици на Министерството за животна средина и урбанизација не откриваат штетно зрачење и дека не е предизвикана штета на главните постројки. Тој потврди дека пожарот не се проширил на залихите на јаглен во фабриката и дека проценката на штетата е во тек.

„Планот е што поскоро да започне со работа на фабриката“, рече Донмез, пренесува Анадолија.

– Вработените во термоцентралата беа евакуирани во средата, а сите запаливи и експлозивни материјали беа отстранети.

Пожарот стигна до периметарот на фабриката, а силните ветрови го отежнаа гаснењето на огнот. Пожарникарите го гаснеа пожарот цела ноќ, кој во голема мера беше ставен под контрола до четвртокот.

Преземени се и мерки за да се избегне повторување на пожарот. Термоцентралата, која користи локален јаглен за производство на околу 3,7 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно, има инсталирана моќност од 630 мегавати – изјавуваат турските медиуми.

„Во последните девет дена ставивме под контрола 180 шумски пожари во 38 провинции. „Во пет провинции, интензивната борба продолжува да стави под контрола 12 пожари“, изјави Пакдемирли.

Пренесува: Балканска Аljazeera
ФОТО: Архива порта.мк

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (28 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин14 часа

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин14 часа

Instagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин14 часа

Како да го смените фонтот на вашиот Android телефон

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин14 часа

Meta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (27 октомври)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Временска прогноза1 ден

Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите

Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври)...

Култура2 дена

Утре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (26 октомври)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Спорт2 дена

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит...

НАЈЧИТАНИ