Следете не

Магазин

Ова е првиот Android телефон со 20 GB RAM меморија

Објавено пред

на

Покрај технологијата за камера под екран, ZTE Axon 30 поддржува и неверојатни 20 GB RAM меморија.

ZTE официјално го претстави паметниот телефон Axon 30 кој доаѓа со камера под екранот. Ова е втор паметен телефон ZTE што ја користи оваа технологија за камера. Всушност, паметните телефони ZTE во моментов се единствените уреди на пазарот што користат технологија за камери под екранот. Axon 30 е првиот телефон во светот со камера под екранот од 400PPI. Тоа е исто така првиот телефон во светот со камера под екранот и висока стапка на освежување на екранот од 120 Hz.

Со иновативно решение, компанијата го зголеми својот паметен телефон од 12 GB RAM меморија за уште 8 GB за да добие вкупно 20 GB RAM меморија. Тоа го направи со помош на специјална технологија за поврзување меморија, која ја користи ZTE и е првиот таков телефон на пазарот. Со надградбата на софтверот, ZTE ја ажурираше „спојката на меморијата“, па сега Axon 30 може да додаде уште 8 GB RAM меморија, за оние корисници на кои им е потребна.

Денес имаме паметни телефони со капацитет за складирање од 512 GB, додека некои имаат до 1 ТБ. Сепак, во однос на RAM меморијата и 12 GB тоа е изненадувачки „недоволно“ за некои корисници. „Технологија за поврзување на меморијата“ работи со користење на дел од капацитетот на празен ROM за операции со RAM меморија, што ќе ги направи паметниот телефон и апликациите да работат побрзо и повеќе флуидно.

ZTE Axon 30 доаѓа со Snapdragon 870 SoC, кој е еден од најпопуларните чипови на пазарот во моментов. Овој паметен телефон има вградена батерија од 4200 mAh што поддржува брзо полнење од 55W. Кога станува збор за камерите, овој уред има четири од нив, со главна камера од 64 MP. Почетната цена на овој паметен телефон е 340 долари.

Извор: B92
Фото: zte.com.cn

Хороскоп

Хороскоп за четврток (18 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко хоби. Запишувајте ги вашите мисли и соништа. Следете ги вашите чувства, ќе ве одведат на место на кое не сте очекувале.

БИК
Денес ќе посакате да искажете се што ви лежи на срце. Ќе зборувате со вашите најблиски за вашите чувства. Направете попис на нештата кои долго време не ви користат и треба да се ослободите. Направете простор за нови работи. Тоа ќе ви го разчисти и вашиот ум.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте роден мултитаскер но денес ќе морате да ги оставите останатите задачи и да се насочите кон исполнување на една. Немојте да го губите вашето време бесполезно, бидете корисни. Однесувајте се добро кон луѓето околу вас.

РАК
Доколку имате финансиски потешкотии, вашата трпеливост и упорност ќе ве одведат до целта кон нивно надминување. Ќе имате помош од некој верен пријател или ќе ви падне на памет одлична идеа како да ја зголемите добивката.

ЛАВ
Денес ќе брзате во се што ќе правите. Ќе сакате нештата да се одвиваат според вашето темпо и се да се случува одеднаш, но за некои работи е потребно време. Бидете внимателни и рационални, брзањето може да направи да направите погрешни избори.

ДЕВИЦА
Денес е ваш ден, искористете го. Денес ќе бидете спонтани и иако тоа не е типично за вас, тоа е најдобриот начин да остварите се што ќе посакате. Верувајте си на себеси, ќе ги донесете вистинските избори. Бидете практични, ѕвездите се на ваша страна.

ВАГА
Ќе чувствувате потреба да донесете некоја важна одлука во вашиот живот која ќе направи значајна промена во вашето секојдневие. Бидете внимателни при изборот но сепак немојте да одолговлекувате, веќе потрошивте долго време на размислување. Држете ги вашите опции отворени.

ШКОРПИЈА
Денес ќе оставите добар впечаток на некоја важна личност во вашето деловно опкружување и ќе се здобиете со пофалби какви што заслужувате. Ќе се чувствувате самоуверено. Кога се во прашање пријателствата во вашиот живот, верувајте и на вашата интуиција.

СТРЕЛЕЦ
Неодамна започнавте некој проект или работа со голема брзина и сметавте дека досега се ќе биде завршено но нешто го закочи. Немојте да се грижите, неговото довршување е блиску. Вие сте познати по тоа што го зборувате она кое го мислите, но понекогаш треба да внимавате на вашите зборови.

ЈАРЕЦ
Денес ѕвездите ве советуваат да ги закопате воените секири со блиските или некои луѓе од вашата околина со кои долго време сте биле во непријатни односи. Дури и ако чувствувате дека тие се оние кои ви згрешиле, морате да го преземете овој чекор затоа што е клучен за вашиот напредок – бидете први кои ќе пристапите, ќе бидете пријатно пречекани.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете поотворени и покомуникативни. Ќе сакате да зборувате за вашите чувства, а можно е да откриете и некоја ваша тајна. Ќе сакате да ги спуштите ѕидовите пред некој кој го освоил вашето срце.

РИБИ
Денес ќе бидете малку неорганизирани затоа што вашиот ум ќе патува на сите страни. Ќе ви биде тешко да се фокусирате и концентрирате на важните нешта наместо тоа вашата енергија ќе ја трошите на непродуктивни работи. Внимавајте, подоцна тоа ќе ви пристигне на наплата па ќе морате да завршувате повеќе обврски одеднаш.

Прочитај повеќе...

Технологија

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/video/youtube/dji

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво во компактните дронови на компанијата, бидејќи за првпат доаѓа со 1-инчен сензор од 50 MP, значително поголем од 1/1,3-инчниот кај претходниот Mini 4 Pro. Со реални димензии од 15,19 x 11,11 mm, тој нуди повеќе од двојно зголемена површина за прием на светлина, а DJI истакнува и 14 стопа динамички опсег, што значи поквалитетни фотографии и видеа во различни услови.

Компанијата тврди дека Mini 5 Pro може да обезбеди дури и подобри резултати од Air 3S (2024), со појасни портрети одблиску, повидливи детали во сенки и поумерена обработка на зеленило. Дополнителен бонус е зголеменото траење на батеријата – 36 минути лет со стандардна батерија (наспроти 34 кај Mini 4 Pro), без зголемување на тежината над клучната граница од 250 g. Со „Intelligent Flight Battery Plus“, која сепак нема да се продава во Европа, траењето достигнува 52 минути, што е рекорд во серијата Mini.

Во делот на безбедноста, Mini 5 Pro ја презема технологијата од Air серијата, вклучувајќи напредно избегнување пречки при слаба светлина со LiDAR, што му овозможува полесна навигација и враќање дури и без GPS сигнал. Брзината на искачување е удвоена – 10 m/s, а хоризонталната максимална брзина е зголемена на 42 mph (во споредба со 36 mph кај Mini 4 Pro).

Камерата добива и нови можности: 4K120 видео, поширок ISO опсег (до 12800), како и 48mm Med-Tele режим, што претставува дигитален зум инспириран од Air. Иако тоа не е вистинска телефото леќа, DJI ветува употребливи резултати. Дронот располага и со 42 GB внатрешна меморија, а новиот Wi-Fi 6 обезбедува брз трансфер до 100 MB/s.

Од Mavic 4 Pro, Mini 5 Pro наследува кардан со ротација до 225°, а од DJI Flip – можност автоматски да се вклучи при отворање на краците. Сепак, QuickShots маневрите остануваат достапни само со контролер.

Она што претставува проблем е достапноста: во САД дронот официјално нема да се продава, иако може да се најде во ограничени серии кај независни трговци, со ризик царината да ги блокира. DJI сепак истакнува дека гаранцијата важи, во зависност од условите на купување.

Цената официјално ќе изнесува: 769 $ во Канада, 689 £ во Велика Британија, 798 € во Европа и 106.700 ¥ во Јапонија. Тоа значи дека DJI ја задржува ценовната политика без поскапувања, а евентуално повисоките цени во Америка ќе бидат резултат на увозни давачки.

DJI Mini 5 Pro ќе биде достапен во пакети со додатоци, контролери со екрани и повеќе батерии. Важно е да се нагласи дека пропелерите, ND филтрите и батериите се нови и некомпатибилни со Mini 4 Pro – иако батериите од постари модели може физички да се вклучат, DJI не го препорачува тоа.

„Content“ креаторите веднаш излегоа со квалификации, тестови и сл:

Прочитај повеќе...

Магазин

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

Објавено пред

на

Фото: William Hook @ unsplash
Фото: William Hook @ unsplash

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски – корисникот сам мора да ги вклучи. Еве ги осумте најкорисни settings што вреди да ги пробате веднаш по update-от.

1. Adaptive Battery Mode

Достапно на iPhone 15 Pro и понови, овој режим користи Apple Intelligence за динамично управување со потрошувачката. Автоматски го намалува brightness, ги оптимизира background процесите и заштедува енергија без агресивно гасење функции. Активирање: Settings > Battery > Power Mode.

2. Call Screening

Сите модели со iOS 26 добиваат call filtering. Под Settings > Phone можете да изберете: Classic (off), Silence Unknown Callers или Ask Reason, каде iPhone го прашува повикувачот за причината и ви прикажува transcript пред да одлучите дали да одговорите. (Засега не работи добро на локални јазици).

3. Нови Ringtones

Apple додаде неколку нови ringtones, меѓу кои шест варијации на „Reflection“ и новиот „Little Bird“. Лоцирајте ги во Settings > Sounds & Haptics > Ringtone.

4. Disable “Liquid Glass” Effect

Ако не ви се допаѓа новиот transparent UI look, можете да го исклучите. Отидете во Settings > Accessibility > Display & Text Size и вклучете „Reduce Transparency“.

5. Custom iMessage Wallpapers

Сега можете да зададете wallpaper за секој iMessage разговор – од предефинирани (Water, Sky) до ваши сопствени фотографии. Корисниците на iPhone 15 Pro можат да генерираат и AI wallpapers преку Apple Intelligence.

6. Notification Summary за News Apps

Функцијата Notification Summary се врати за news и entertainment апликации (BBC, Netflix). При update ќе ви се појави екран за избор, а подоцна може да се прилагоди во Settings > Notifications > Scheduled Summary.

7. Transparent Icons

Ако ви се допаѓа „Liquid Glass“ стилот, сега можете да имате и transparent icons. На Home Screen притиснете и задржете → Edit > Customize > Delete, каде можете да изберете светол или темен transparency стил.

8. Lock Screen Upgrades

Новиот lock screen е многу пофлексибилен: можете да ја менувате големината на часовникот, да reposition widgets, да додадете Apple Music search, да користите spatial photo scenes за 3D depth ефект и да го адаптирате clock или widget според позадината.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје11 минути

Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца...

Спорт1 час

Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор...

Временска прогноза2 часа

Следната седмица вистинска промена на времето

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (18 септември)

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

Технологија21 час

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили23 часа

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин23 часа

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин24 часа

Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето

Samsung Electronics официјално го претстави One UI 8, новата верзија на својот кориснички интерфејс која носи напредни мултимодални можности со...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин24 часа

YouTube ја воведе повеќејазичната аудио функција – креаторите добиваат глобален досег

По двегодишна пилот-програма, YouTube официјално ја лансира повеќејазичната аудио функција, овозможувајќи им на милиони креатори да додаваат синхронизација на своите...

Музика1 ден

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

НАЈЧИТАНИ