Македонија
Ковид-19 коси, денес 588 нови случаи, во Кичево вртоглаво растат бројките..
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.
Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Направени се 5.780 тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа – 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.
Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
Македонија
АМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
Внимание на патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, рано утрово известува АМСМ.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
По краткиот прекин предизвикан од според најверојатно технички околности, услугата со „VISA“ картичките е нормализирана и граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни картички при плаќање гориво и други производи, дознава Порта.мк од релевантни извори.
Од денес, на сите бензински станици низ државата што се дел од мрежата на „ЛУКОИЛ Македонија“, плаќањето со „VISA“ картички е повторно целосно овозможено и функционира непречено.
За граѓаните ова значи враќање на целосната функционалност и олеснета услуга при користењето на платежните картички на бензинските станици од „ЛУКОИЛ Македонија“, ширум Македонија.
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија23 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево5 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп18 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза16 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle4 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
