Следете не

Свет

Европа: Италија: Пред учебната година, вакцинациите за млади се приоритет

Објавено пред

на

Италијанската влада ги повика своите региони да дадат приоритет на вакцинацијата на жителите на возраст од 12 до 18 години, пред училишните и спортските активности низ целата земја. Специјалниот комесар на италијанската влада за „Ковид-19“, Франческо Паоло Филуло, во писмо ги повика регионалните гувернери да овозможат вакцинација на тинејџери без закажување, пренесуваат италијанските медиуми.

„За да се забрза вакцинацијата за оние на возраст меѓу 12 и 18 години, треба да им се даде приоритет, иако не го објавија тоа претходно“, рече Филјуоло, додавајќи дека новата мерка треба да стапи на сила на 16 август.

Околу 40 проценти од Италијанците помлади од 19 години се вакцинирани со најмалку една доза, и 23 проценти целосно, според најновите владини податоци.

Само вакцините Физер и Модерна се одобрени за оваа возрасна категорија во Италија.

Италијанскиот премиер Марио Драги минатата недела вети дека училиштето ќе започне со настава во училниците во септември, па донесе одлука врз основа на која професори мора да имаат потврда за имунитет на вирусот.

До 11 август, околу 66 проценти од Италијанците биле вакцинирани со една доза, а 56 проценти од нив ги примиле и двете.

Грција: Предупредување до медицинските работници да се вакцинираат

Заменик-министерот за здравство Василис Контозаманис денеска потсети во исто време и ги предупреди здравствените работници, да се вакцинираат против Ковид-19 до 1 септември.

Оваа одлука на грчката влада се однесува на државните и приватните болници, а првиот ден од септември е крајниот рок, пренесува „Катимерини“.

Во писмо до директорите на болниците во Грција, Контозаманис вели дека медицинските лица се законски обврзани да ја примат првата доза од вакцината до 1 септември.

Тој предупреди дека, според законот, здравствените работници во државните болници ќе бидат суспендирани доколку одбијат да се вакцинираат.

Во Финска, рекорден број на луѓе заразени со Ковид-19

Финска денеска регистрираше рекорден број на инфекции со коронавирус за еден ден, објави Институтот за здравје и социјална заштита.

Со вкупно 1.024 новозаразени, рекордот од март оваа година беше соборен во таа земја. Зголемени се и приемите во болница.

Премиерката Сана Марин минатата недела ги објави плановите за задолжително прикажување на докази за вакцинација при влегување во угостителски објекти и вакцинирање на деца на возраст од 12 до 16 години, пишува Ројтерс.

Во Финска, досега се регистрирани 10.983 позитивни случаи на Ковид-19 и 995 регистрирани смртни случаи од 5,5 милиони жители.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, повеќе од 82 проценти од Финците добиле барем една доза од вакцината и повеќе од 48 проценти се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Швајцарија ги откажа бесплатните тестови за корона

Швајцарската влада планира да донесе одлука според која невакцинираните ќе треба да платат за тестирање за вирусот корона од 1 октомври.

Ова се тестовите потребни за влез во институции и настани за кои е потребен сертификат или тест за вакцинација.

Пратеникот на СВП Андреас Гларнер се противи на ова, велејќи дека такво нешто би било индиректна задолжителна вакцинација.

Тој посочува дека укинувањето на бесплатните тестови ќе им оневозможи на невакцинираните лица да учествуваат во секојдневниот живот и тие ќе станат граѓани од втор ред.

Зелените, исто така, се противат на таа намера, нагласувајќи дека кога ќе се зголеми бројот на новозаразени лица, треба да се направат повеќе тестови, и ако тестовите чинат, тогаш помалку луѓе ќе дојдат на тестирање, што е фатално.

Пратеничката од СП, Флавија Васерфален, сепак, вели дека луѓето кои не сакаат да се вакцинираат ја злоупотребуваат солидарноста.

“Чини многу кога секој пат кога некој што сака да излезе доаѓа на тест кој чини околу 50 франци. Трошоците се многу повисоки од вакцинацијата”, посочи таа.

Русија: Најголем број смртни случаи во текот на денот од почетокот на пандемијата

Бројот на починати пациенти од вирусот корона во Русија денеска надмина 800, што се случи за прв пат од почетокот на пандемијата, објави кризниот штаб на оваа земја.

Во претходните 24 часа, 808 луѓе починаа, наспроти 799 претходниот ден, така што бројот на смртни случаи од ковид достигна бројка од 168.049 лица, објави ТАСС С.

Смртноста од корона вирусот изнесува 2,57 проценти.

Кога станува збор за нови случаи, денес се потврдени 21.932 случаи, и 6.534.791 од почетокот на пандемијата.

Само во Москва, регистрирани се 2.294 новозаразени пациенти.

Извор: Rtv
Фото: Unsplash

Свет

„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kanchanara

„Етериум“, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, забележа раст од 6% и се тргува над 4.680 долари по токен — многу блиску до рекордното ниво достигнато во 2021 година.

Според аналитичарот Том Ли, голем дел од крипто-проектите и стабилните дигитални токени на Вол Стрит, кои се поддржани од средства како американскиот долар, се градат врз инфраструктурата на Ethereum.

Матичниот токен на оваа платформа, етер (ETH), порасна за над 50% откако беше донесен Законот GENIUS минатиот месец. Овој закон обезбедува регулаторна поддршка за индустријата на стабилни токени, што придонесе за зголемена доверба кај инвеститорите.

Дополнително, Комисијата за хартии од вредност неодамна го најави „Проектот Крипто“ — иницијатива за модернизација на агенцијата и воведување појасни регулативи за дигиталните средства. Овој чекор исто така одигра важна улога во поддршката на растот на „Етериум“

Аналитичката куќа Fundstrat предвидува дека цената на ETH може да достигне и до 15.000 долари до крајот на годината.

Во изминатите пет трговски денови, вредноста на етерот порасна за 16%, наспроти 4% раст на биткоинот. Зголемениот интерес доаѓа и од компании што собираат капитал за купување етер, слично на стратегијата што ја користи MicroStrategy со биткоинот. Според Спенсер Халарн од крипто-платформата GSR, токму овие приливи од институционални инвеститори придонеле за дополнителен раст на цената.

„Овој позитивен тренд дополнително го зголемува интересот на инвеститорите“, изјави Халарн за Yahoo Finance.

Еден од најактивните играчи е BitMine Immersion Technologies (BMNR), каде претседател е Том Ли од Fundstrat. Компанијата најави планови за продажба на нови акции во вредност од 20 милијарди долари, со цел да го зголеми својот удел во Ethereum и на крај да поседува 5% од вкупниот број на ETH токени во оптек. Акциите на BitMine се зголемија за околу 80% во последните пет дена.

Сличен раст бележат и други компании како SharpLink Gaming (SBET) и BTCS (BTCS), кои следат стратегии за интегрирање на Ethereum во своите деловни модели, забележувајќи пораст од 8% во последните пет сесии.

Извор: CNBC

Прочитај повеќе...

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка...

Македонија2 часа

МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на...

Автомобили3 часа

РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија4 часа

Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле...

Автомобили4 часа

Рекорден број автомобили во Германија – нови податоци за моторизацијата

На почетокот на годината, Германија забележа рекорден број на регистрирани патнички автомобили. Според податоците на германскиот завод за статистика Destatis,...

Спорт5 часа

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските...

Кичево6 часа

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (25 август)

1530 – Роден е рускиот цар Иван IV Василевич, познат како Иван Грозни. Тој го добил прекарот поради суровоста со...

Хороскоп17 часа

Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Спорт18 часа

Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката...

НАЈЧИТАНИ