Временска прогноза
Попладне јужните краеви, додека вечерва на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Денес во попладневните и вечерните часови во јужните, додека во текот на ноќта и утре и на повеќе места ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Потоа од недела до вторник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со температури кој ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36, 37 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАДНЕВО, ВЕЧЕРВА И УТРЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на појава на силен ветер своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Нова локална нестабилност се очекува од вторник попладне – повеќе информации околу ова понатаму.
Хост: Славчо Попоски
Временска прогноза
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.
Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, утрово истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо оваа вечер е во Лазарополе каде се измерени само 10 степени. Од градовите пак најсвежо е во Охрид со измерени 13 степени.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија доцна вечерва. Во следните часови очекувам понатамошно опаѓање на температурите на воздухот насекаде во Македонија, доцна вечерва информираше Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Временска прогноза1 ден
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (27 август)
-
Магазин2 дена
Вечерва на градскиот плоштад во Охрид, посетителите ќе уживаат во македонска музика преку музичкиот караван на проектот „Македонијо во срце те носиме“
-
Хроника2 дена
МВР: Лишен од слобода возачот од Кичево кој вчера со возило удри во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна за жал им подлегнал на повредите и починал
-
Спорт1 ден
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија
-
Автомобили2 дена
Чистење на бандажи од автомобил – дали кока-колата навистина помага?
-
Автомобили2 дена
Издржливи автомобили кои го надживуваат времето
-
Временска прогноза17 часа
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо