Следете не

Македонија

Денес регистрирани 524 оздравени пациенти, додека 978 се нови случаи. Во прилог вкупно активните случаи по градови..

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 7.452 тестирањe, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 405, Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 524 оздравени пациенти од: Гостивар – 155, Скопје – 129, Тетово – 64, Струмица – 43, Кичево – 38, Куманово – 27, Битола – 14, Кавадарци – 11, Штип – 8, Велес – 5, Кочани ,Свети Николе и Кратово – по 4, Гевгелија, Дебар и Виница – по 3, Радовиш – 2, Прилеп, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Делчево , Валандово и Дојран – по 1.

Пријавени се 24  починати лица: 6 починати лица од Скопје ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г),  3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г),по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г)  и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г).

Сите пријавени лица  се починати во болнички услови.

Направени се 7.452 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-87, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово –79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–255, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-440, Биотек-580, Систина-155, лабораторија Лаор-742, Синлаб-68, Ремедика-0, Плодност–107, Генеа -4, Никоб лаб-990, ВФВ Медикал-120, Ели Медика-186, Ројал Медика –110,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.839.

Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 75239, Активни 5214

Куманово 10113, Активни 896

Прилеп 8602, Активни 232

Тетово 10099, Активни 2042

Битола 6667, Активни 254

Велес 5731, Активни 212

Гостивар 7503, Активни 1394

Кавадарци 5419, Активни 197

Охрид 5478, Активни 408

Штип 5212, Активни 187

Струмица 5085, Активни 698

Струга 3530, Активни 507

Кочани 2971, Активни 125

Кичево 3518, Активни 636

Гевгелија 2284, Активни 82

Неготино 2228, Активни 39

Свети Николе 1654, Активни 106

Ресен 1380, Активни 118

Крива Паланка 1264, Активни 29

Радовиш 1316, Активни 111

Берово 1116, Активни 36

Делчево 1034, Активни 50

Дебар 1293, Активни 232

Виница 947, Активни 37

Пробиштип 833, Активни 43

Валандово 737, Активни 42

Богданци 521, Активни 27

Крушево 513, Активни 23

Демир Хисар 411, Активни 11

Демир Капија 401, Активни 3

Кратово 446, Активни 57

Македонски Брод 431, Активни 57

Пехчево 291, Активни 6

Македонска Каменица 265, Активни 15

Дојран 135, Активни 1

Македонија

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

Објавено пред

на

©porta.mk

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/videoalbum/youtube

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Прочитај повеќе...

Македонија

Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

Технологија6 часа

„Google Wallet“ добива нова функција која ќе го олесни користењето на дигиталните пропусници, картички за лојалност и билети

„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети...

Здравје и убавина8 часа

Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината...

Македонија16 часа

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (16 октомври)

ОВЕН Пријател или роднина на Овните може да предложи пократко патување, но периодов не ви е дозволено ниту да одите...

Автомобили21 час

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври...

Хроника1 ден

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење....

Фото: Lars Blankers @ unsplash Фото: Lars Blankers @ unsplash
Храна1 ден

Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента

Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин1 ден

Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки

Instagram започна тестирање на нов изглед на својата апликација, кој веќе е достапен за дел од корисниците. Промената засега е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (15 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ