Следете не

Временска прогноза

Кон крајот на денот заладување проследено со засилен ветер, кој ќе услови со пад на температурите

Објавено пред

на

Под влијание на постуден воздух од север, денес кон крајот на денов и навечер, како и во текот на утрешниот ден ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено до околу 60 км/час). Исто така денес попладне, особено во северните предели ќе има појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се искачува во интервалот од 24 до 32 степени, додека кон крајот на денов и навечер осетно ќе се намали и до утре изутрина истата ќе се спушта во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели. Од утре максималната температура ќе се искачува во интервалот од 22 до 30 степени, додека особено студено утро ќе имаме во петок, кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени и истите ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Времето повторно од утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, но само до сабота. Во недела се очекува дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кога ќе има услови и за локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен и северозападен ветер, што ќе услови пад на температурите, особено наутро кога во текот на следните денови наутро температурите ќе паднат до околу 10 степени, додека макималните температури ќе се искачуваат во интервалот до околу 25, 26 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

Објавено пред

на

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.

Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.

И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.

Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.

Денес (вторник 15 јули) во пладневните  и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.

Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Објавено пред

на

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.

И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.

Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.

Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде  и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за недела (20 јули)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Македонија3 часа

ЦУК: 4 активни пожари, 5 под контрола, 18 изгаснати до предмалку

🔥 Состојба на пожари (19.07.2025 до 20:30 часот) На територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор,...

Кичево6 часа

Кичевските села Поповјани, Премка и останатите без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка

ЈП „Комуналец“ – Кичево ги известува сите корисници на вода за пиење дека ќе има прекин во снабдувањето, поради дефект...

Кичево12 часа

Вчера на маг.пат Кичево-Гостивар била удрена жена пешак, се здобила со тешки телесни повреди

Вчера 18.07.2025 година во 09:05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (19 јули)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево1 ден

Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од...

Хроника1 ден

Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У....

Кичево2 дена

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево Заштеди веднаш, само во...

НАЈЧИТАНИ