Следете не

Гејминг

Гејмери бидете трпеливи до ноември – Battlefield 2042 одложена за еден месец

Објавено пред

на

Набргу по пишувањето за потенцијалното одложување на Battlefield 2042, неколку извори добија официјална изјава со која се потврдуваат гласините.

DICE, Criterion и други помошни студија задолжени за работа на играта ја потврдија веста за одложувањето во заедничка објава на Твитер, така што Battlefield 2042 нема да биде објавен на 11 октомври, туку еден месец подоцна – на 19 ноември.

Главната причина за поместување на датумот се предизвиците со кои се соочуваат програмерите поради пандемијата на корона вирусот, што многу ја забави работата на играта. Желбата е да се донесе квалитетно искуство со новата генерација Battlefield, поради што е неопходно играта да поминува дополнително време на работната површина, според play.co.rs.

Како што се поместува датумот на објавување, така е поместен и датумот на почеток на отвореното бета тестирање, што најверојатно ќе се случи дури следниот месец. Повеќе детали ќе пристигнат во наредните месеци.

Извор: B92
Фото: Miguel Lagoa/Shoutterstock.com

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Гејминг

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/rockstargames

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.

– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.

Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен...

Свет2 часа

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно...

Временска прогноза2 часа

Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до...

Временска прогноза11 часа

Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (27 август)

♈ ОВЕНДенес твојата упорност ќе биде клучна. Ќе добиеш можност да ја наметнеш својата идеја, но внимавај да не реагираш...

Спорт19 часа

Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија

Колумбиецот Давид Алонсо (CFMOTO Inde Aspar Team) стана првиот возач од својата земја што победил во Moto2, откако триумфираше на...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин22 часа

Google конечно призна: YouTube тестира вештачка интелигенција за подобрување на видеата

Со месеци кружат поплаки од креаторите: искривени рабови, чудни артефакти и премногу „мазна“ слика. Проблемот прв го разоткри популарен музички...

Фото: Alex Haney @ unsplash Фото: Alex Haney @ unsplash
Автомобили22 часа

Чистење на бандажи од автомобил – дали кока-колата навистина помага?

Многу возачи бараат едноставни и евтини трикови за одржување на своите автомобили. Една од темите што често кружи на форумите...

Автомобили22 часа

Издржливи автомобили кои го надживуваат времето

Издржливи автомобили што ја победија времето Кога зборуваме за автомобили, повеќето луѓе мислат на брзина, луксуз или технологија. Но, постои...

Магазин24 часа

Вечерва на градскиот плоштад во Охрид, посетителите ќе уживаат во македонска музика преку музичкиот караван на проектот „Македонијо во срце те носиме“

Со силна порака, неизмерна љубов кон татковината и длабока почит кон музичкото наследство, вечерва од Охрид започнува музичкиот караван на...

НАЈЧИТАНИ