Кичево
Наум Петрески во кичевскиот комплекс „Куќа на Уметноста“ овој викенд, резервациите се во тек..

Поради ситуацијата со пандемијата кичевскиот комплекс „Куќа на Уметноста“ ги стопираше викенд збиднувањата, беше посветен на своето модерно мени и учество во емисијата „Везилка“, така што од овој викенд 09.10.2021 сабота започнува во ново руво, заедно со доајенот на македонската песна Наум Петрески во живо, со почеток после 21:00 часот.
Резервациите се во тек на 071/321-166
Запазени ќе бидат сите пропишани мерки за заштита од Коронавирусот
ФОТО: printscreen / youtube
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево19 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Временска прогноза2 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија9 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон