Временска прогноза
Детали за ладната есен, во четврток доаѓа снег на наша територија
Како што претходно кажавме, од утре попладне и навечер доаѓаат нови врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ.
Потоа под влијание на МНОГУ ПОСТУДЕНА воздушна маса која се спушта од Арктикот, во четврток и петок времето ќе биде облачно и МНОГУ СТУДЕНО со врнежи од дожд кој ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во четврток, и тоа особено во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 50 л/м2 воден талог. Ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.
На планините врнежите ќе бидат од СНЕГ и се очекува да се формира првата ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка за оваа сезона. На некои од планините ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, особено на оние високите. Снег ќе врне и на повисоките места со надморска височина од околу 1000 метри и тоа особено во западните и северните предели, а локално снежната граница има услови да се спушти дури и под 1000 метри со што првото провејување на снег се очекува и во повисоките населени места и тоа во четврток.
Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината, односно истите ќе бидат пониски од нормалните дури за околу 10 степени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 9 степени, и тоа особено од четврток. Престанок на врнежите и повисоки температури ќе има за време на викендот кој доаѓа.
И во Скопскиот регион од утрешната вечер ќе започнат врнежи од дожд и истите ќе продолжат и во четврток и петок. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Поради ЗАЛАДУВАЊЕТО на околните планини ќе има врнежи од снег, додека снежната граница и во Скоспкиот регион локално може да се спушти и под 1000 метри. Температурите, особено од четврток ќе се искачуваат не повеќе од 7 степени.
Уште да напоменеме дека со овој МНОГУ СТУДЕН бран, есента во Македонија е МНОГУ ПОСТУДЕНА од вообичаеното, и исто така не сме навикнати на вакви ниски температури во есен.
ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: И поркај овој студен бран, понатаму НЕМА ОПАСНОСТ од минусни температури, не бар на пониските населени места, што значи дека температури под нулата се очекуваат само на високите и планинските места.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп16 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Свет2 денаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
