Македонија
Нови мерки во Македонија: Од 15.11. во локали само со 2 дози вакцина

Од 15 ноември влез во угостителските објекти во Македонија ќе можат само за лица кои примиле две дози вакцина против коронавирус или го поминале Ковид-19 во последните 45 дена, одлучи владата на денешната седница.
Оваа мерка се однесува на сите видови отворени и затворени објекти, вклучително и бензински пумпи, казина и обложувалници, како и други објекти кои даваат угостителски услуги, објекти регистрирани за прослави, како и објекти каде се одржува каков било настан.
Меѓу новите мерки што ги донесе владата на денешната седница е и дозволата за работа на ноќни клубови и барови со капацитет од 50 отсто, јавува телевизија Телма.
Со новите правила се овозможува и организација и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, забави, свадби, родендени, прекршоци во затворени објекти со 50% зафатеност на просторот.
Извор: Nova
Фото: Unsplash
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза6 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево23 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија13 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје17 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Спорт3 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско